X
 19.12.2022 Живот

Најстудените места во светот - температурата достигнува до -55 степени

Честа да се најде на првото место на листата со најстудени градови во светот му припадна на Ојмјакон во Русија, каде што живеат околу 500 луѓе, а просечната температура е -50 степени.

Иако се чини дека временските услови не се погодни за живот, заедницата добро функционира. Интересно е што дури и во најстудените денови се очекува децата да одат на училиште, освен ако температурата не падне 55 степени под нулата.

ojmjakon
Фото: Instagram

За време на најтоплите месеци од годината, јуни и јули, температурата во Ојмјакон обично е 10  Целзиусови степени, но од септември до мај повторно паѓа под нулата. Највисоката температура некогаш измерена во Ојмјакон била 18 степени во 2010 година. За среќа, и покрај шокантните температури, регионот е сув, па има малку дожд или снег.

Ако ова гратче не ви е доволно, постојат и други ледени опции.

Астана во Казахстан се натпреварува за првото место кога станува збор за најстуден град со температура од -51,5 Целзиусови степени. Но, месечниот просек во јануари е -14,2 степени, што значи дека не е ни блиску до студената зима на Ојмјакон.

astana
Фото: Freepik

Друго прилично студено место за посета е Лонгјирбиен, најголемиот и главен град на норвешката територија Свалбард. Технички, градот е дел од Норвешка, но се наоѓа на остров во Арктичкиот Океан, на половина пат помеѓу Северна Норвешка и Северниот Пол.

Свалбард има и полноќно сонце во лето и долга поларна ноќ во зима бидејќи е најсеверната населба во светот. Просечната температура во декември е -14 степени.

Бидејќи на Свалбард е многу студено, има многу правила за оние што живеат таму - од ограничувања за алкохол до забрана за умирање. Имено, поради климата, луѓето не смеат да бидат погребани во Лонгјирбиен, затоа што ниските температури спречуваат земјата да се разгради. За да се спречи ширење на болести, властите во 1950 година решиле да забранат умирање.

2
Фото: Wikipedia

Доколку одлучите да го посетите овој леден град, може да ги видите поларната светлина, глечерите, фјордовите, па дури и поларни мечки скитници кои се приближуваат до локалниот паб.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот