Овие зборови биле напишани пред повеќе од илјадници години, меѓутоа тие и ден денес можат да помогнат во животот на секој од нас.
- На будалите и лудаците, тргни им се од патот.
- Ако жената нешто сака - ќе помине и низ карпа за да го реализира.
- Не го задржувај оној кој си оди, не го бркај оној кој доаѓа.
- Подобро е да се биде непријател на добриот човек, отколку пријател на лошиот.
- Да немаше обични луѓе, не би имало големи.
- Мажот и жената треба да се како раце и очи: кога рацете болат - очите плачат; а кога очите плачат - рацете бришат.
- Сонцето не познава праведни. Сонцето не познава неправедни. Сонцето сјае без цел и дава топлина на сите. Оној кој се пронашол себеси е сличен на Сонцето.
Фото: Pixabay
- Тагата, како скинатиот фустан, треба да се остави дома.
- Морето е големо бидејќи не ги избегнува ниту малите реки.
- И далечниот пат започнува од патот во близина.
- Кој пие, не знае за штетноста на виното; кој не пие, не знае за неговата корист.
- Убавите цветови не донесуваат добар плод.
- Еден убав збор може да грее три зимски месеци.
- Направи сè што можеш, а останатото препушти го на судбината.
- Претераната искреност се граничи со глупавост.
- Среќата доаѓа во куќата полна со смеа.
- Совршената вазна никогаш не излегла од рацете на лошиот мајстор.
- Длабоките реки течат бесшумно.
- Ако сте се упатиле на пат по сопствена желба, тогаш и илјада километри изгледаат како еден.