X
 20.01.2020 Живот

„Дрисла“ вратена на Град Скопје, ќе биде разрешен директорот Ангелов

Депонијата „Дрисла“ после 9 години, повторно е во сопственост на Град Скопје, а директорот Горан Ангелов ќе биде сменет. Ова денеска го изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Во последните девет години депонијата беше во владение на приватната италијанска фирма „ФЦЛ Амбиенте“.

- Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник. Создадени се услови во текот на утрешниот ден да биде разрешен сегашниот директор на „Дрисла“ и именување на нов в.д. директор, а по седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари, да бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад - рече Шилегов.


Петре Шилегов/ Фото: Град Скопје

Тој додаде дека по завршувањето на оваа постапка ќе ги повика сите надлежни институции и заинтересирани граѓански здруженија и асоцијации, сите заинтересирани граѓани поединци да помогнат заеднички да се направи анализа на досегашното работење на депонијата и заеднички да ја утврдат фактичката состојба во овој сега веќе градски капацитет.

- Во периодот што следува прва грижа на Градот ќе биде „Дрисла“ да стане прва санитарна депонија која ќе применува современи технологии за управување со отпадот и целокупниот нејзин економски потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните – нагласи Шилегов на денешната прес-конференција.

Инаку, во Бугарија се води истрага против директорот на „Дрисла“ Горан Ангелов и содружникот Блаже Игњатовски за увоз на опасен отпад од Италија преку нивната бугарска фирма „Блацион“ ДOO.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот