Оваа математичка задача е стара најмалку 145 години, а првпат била поставена на приемен тест за Технолошкиот институт во Масачусетс во 1876 година. Задачата била наменета за младите генијалци, но не треба да бидете математички гениј за да го разберете проблемот.
Задачата гласи:
Таткото му рекол на синот:
- Пред две години бев трипати постар од тебе, но за 14 години ќе бидам само двапати постар од тебе.
На која возраст се таткото и синот?
Иако задачата е лесна да се разбере, нејзиното решавање не е толку едноставно. Математичарите веројатно ќе знаат како да ја решат задачата користејќи равенки, како што се прави во видеото во продолжение.
Решение
На крајот треба да добиете дека таткото има 50 години, а синот 18.
Автор: Мишел Дебчак
Извор:
mentalfloss.com
Фото: Pixabay