X
 20.02.2017 Живот

Дали сте емоционално интелигентна личност?

Се чувствувате фрустрирано кога луѓето постојано ве прашуваат исти прашања? Дали сте вие личноста која постојано се обидува да го оправда своето гледиште кога некој се расправа со вас? Во исто време, дали сте запознале некого што успева да ја задржи смиреноста кога се соочува со конфликт или хаотична ситуација? Се прашувате како таквите луѓе успеваат да бидат прибрани? Ова се четирите начини на кои емоционално интелигентните луѓе се справуваат со конверзациите во општествените ситуации.

Сите добиваат негативен фидбек понекогаш, дури и оние кои имаат висока емоционална интелигенција. Разликата е во тоа што емоционално интелигентните луѓе не се чувствуваат нападнати од емоционален аспект и не одговараат импулсивно, туку ги процесираат своите емоции и го разбираат гледиштето и на другата страна.

Сите правиме грешки, но дали сме сите подготвени да ги признаеме? Емоционално интелигентните луѓе не се плашат да ги признаат своите слабости, па не им е тешко и да се извинат. Во тој случај се транспарентни и се чувствуваат подобро кога ќе ја признаат сопствената грешка, па ќе можат да се мотивираат себеси и да поработат на слабоста, а и да им помогнат на другите.

Често се соочуваме со тврдоглави луѓе, но емоционално интелигентните лица имаат разбирање и се добри во менаџирање на сопствените емоции, па не дозволуваат емоциите да надвладеат – го зачувуваат трпението и размислуваат пред да реагираат. Освен тоа, ги почитуваат и туѓите емоции. Емоционално интелигентните се соочуваат со истите предизвици како и сите останати, но разликата е во нивниот пристап.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот