Религискиот живот на територијата на Винковци, се развивал паралелно со културите кои го населувале градот. Во римско време се почитувале поважните римски богови, а во првата половина од третиот век, Цибала станува и христијанско седиште со свој бискуп. Од тоа време потекнуваат и двајцата маченици од овој град – Еузебио и Полион. Еузебио бил бискуп, а Полион – писар во бискупијата, но и двајцата пострадале заради својата вера. Треба да се напомене и податокот дека од овој регион потекнувале и двајца римски цареви.
Со распаѓањто на Римската империја, на ова подрачје остануваат да живеат романизирани староседелци, а во исто време продираат и варварски германски племиња. Германите ги прифатиле римските закони и обичаи, ги користеле достапните градежни објекти, изработувале керамика и накит во старите работилници, и ковале свои монети, користејќи ја старата римска ковачница во Сирмија. Во текот на шестиот и седмиот век, престанува животот на подрачјето на градот и тоа трае следните илјада години. Дури на почетокот на 16 век на оваа територија започнува да се развива ранонововековна населба што се споменува под името Винковци.
Ова е краткиот приказ на богатата историја на
Винковци. Градскиот музеј и неговите експонати од разните периоди и култури потврдуваат дека градот, сепак, е постар и од Лисабон и од Атина.