X
 20.02.2023 Живот

Родителите на Балашевиќ биле изненадени од неговиот успех

Големите обожаватели на Ѓорѓе Балашевиќ знаат за неговата традиција да остава две слободни места на концертите за неговите родители, кои, верувале или не, никогаш не биле на негов настап.

Интересно е што мајката и таткото на славниот српски пејач, кој почина пред две години, биле изненадени од неговиот успех. Во интервју во 1980 година неговата мајка Вероника открила дека тие дома не го сфаќале сериозно додека тој пишувал стихови.

- Верувавме дека за просперитет во една таква област е потребна голема врска, влијателни луѓе... - рекла таа.

Сѐ почнало така што тој еден ден само им се јавил на луѓе од радио и им рекол дека има песна која би сакал да ја слушнат.

- Ја и мојот сопруг најмалку знаеме за тоа како успеа нашиот син. Ние бевме навикнати на неговата ведрина, на леснотијата со која умееше да се изрази, но никогаш не размислувавме дека тоа може да му биде толку блиско и драго и на некој друг освен нам. Тој и денес она што го прави, го прави лесно. Не е фанатик - изјавила мајката на Балашевиќ.

Татко му, Јован, во тоа време работел во Будимпешта, па не дознавал за успесите на синот како остатокот од фамилијата. Дури кога за викенд ќе се врател во Нови Сад или кога сопругата ќе го посетела, тој откривал што сѐ направил Ѓорѓе.

- Знаете, кога ќе дојдам, мојата прва преокупација е да ги прочитам сите весници, да ја изгледам телевизиската програма, да го впијам оној круг на информации што ја опкружува фамилијата, така што една песна помалку или повеќе која Ѓорѓе ја напишал за мене не е исто што и за него - рекол Јован.

Родителите на Балашевиќ биле особено горди што славата не го променила.

- Судбината на родителите е децата да им заминат, но тие заминувања нас само нѐ плашат во смисла да не му се случи нешто. Како човек, ништо не може да го промени Ѓорѓе. Што и да се случи, тој ќе остане искрен и ведар. Тоа е неговото и нашето најголемо богатство - изјавила Вероника во 1980 година.

Извор: Danas
Фото: balasevic.com
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот