X
 12.05.2021 Живот

Емотивна објава на синот на Ѓорѓе Балашевиќ

По повод роденденот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, кој неодамна почина, неговиот син Алекса сподели емотивен пост.

Алекса објави заедничка фотографија со татко си цитирајќи ги неговите зборови:

- Како што кажа, животот почнува со една свеќа на тортата, а завршува со една свеќа без тортата. Животот е таа линија помеѓу некои броеви и датуми што нам ни се важни, а вечноста се оние три точки што мал број луѓе ги допишуваат... Меѓу другото, ти ги допишуваше... Одамна. Само да те потсетам на твојот роденден.

1
Фото: Instagram

Алекса најави дека ќе снима филм инспириран од песна на неговиот татко. Во интервју што го даде по смртта на Ѓорѓе, младиот Балашевиќ напомена дека никогаш нема да остане без татко и дека не постои место за тага, жалост, па ни смрт.

Балашевиќ почина пред неколку месеци, на 19 февруари во болницата во Нови Сад. Веста дека го напушти овој свет ги растажи граѓаните низ регионот.

Извор: Nova.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот