X
 20.03.2019 Живот

ИКЕА нуди додатоци за мебел што може да се испечатат со 3Д-печатач

Во претставништвото на шведската компанија ИКЕА во Израел имаат технолошко решение кое би можело да го олесни користењето на мебел за лицата со инвалидитет.

Во соработка со тимот кој стои зад проектот наречен „ThisAbles“, „ИКЕА Израел“ понуди 13 предмети кои на лицата со инвалидитет можат да им го олеснат користењето на мебелот - од рачки кои може полесно да се фатат, до ногарки за каучи.

Тие може да се купат преку интернет-страницата на здружението „Милбат“ или во продавниците на ИКЕА во Израел. Но, ако тие две опции не се достапни, постои и трета: предметите може да се испечатат со 3Д-печатач бидејќи нацртите се достапни бесплатно на thisables.com.

Може дури и да си побарате нешто да ви изработат по мерка.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот