X
 13.10.2016 Образование

Најиновативни училишта во светот кои и ние во Македонија би сакале да ги имаме

Светот е преполн со брилијантни училишта, а сега правиме мал преглед на оние за кои сериозно би плачеле што не се тука, во кои децата може да влијаат во насока на нивното образование

Иновациите во образованието може да имаат различни форми, на пример, вклучување на нови технологии и методи на учење, одење на излети, но може да значи отфрлање на постојните социјални норми или фокус на поврзување со локалната заедница, пишува Business Insider.

Моделите и програмите за образование во иновативните училишта може да се моделираат по примерот на легендарниот извршен директор на “Apple“, Стив Џобс, како училиштето во Амстердам или целосно може да ги одбие родовите стереотипи како што е училиштето “Egalia“ во Стокхолм, Шведска.

Мал преглед на училиштата, за кои ни се чини дека се пред своето време и поради што ние би биле малку тажни, бидејќи ги нема во Македонија.



1. Гимназија Ørestad, Копенхаген, Данска-училиште во кое секој учи заедно во еден џиновски клас


“Ørestad“ гимназијата е една огромна училница каде 358 ученици учат заедно во голема стаклена коцка. Школото има за цел да ги поттикне учениците да соработуваат и на функционирање на целосно отворена средина, пред се за да научат флексибилно да размислуваат за различни теми.

"Сакаме образование во кое учениците ќе истражуваат и каде ќе работат заедно на решавање на реални проблеми"- изјавил директорот Алан Кјаер Андерсен за “Business Insider“.

2. Училиштето Стив Џобс во Амстердам, Холандија- децата сами го креираат своето образование


Како што името на училиштето сугерира, Стив Џобс се противи на конвенционалните методи на образование. Наместо да ги принудува децата да поминат еднаков систем за образование, им се овозможува знаењето да го здобијат со знаење стекнато со свое темпо.

Сите ученици од четврто до 12-то одделение имаат iPad со апликации кои ги водат преку индивидуализирано учење, со цел децата сами да го дизајнираат сопственото образование. Отворени се неколку Стив Џобс училишта во светот.



3. Училиште “AltSchool“, Сан Франциско, Калифорнија - од рана возраст децата се фокусирани на технолошки вештини

Моделот на образование во училиштето “AltScholl“ се состои од целосно напуштање на традиционалните методи на образование. Класичниот систем на тестирање е заменет со модел во кој на прво место е  подобрување на технолошките вештини и поттикнување на децата да размислуваат флексибилно, така што тие подоцна може полесно да ги прифатат промените во начинот на кој светот функционира.

4. Училиштето “Carpe Diem“, Aiken, Охајо - децата добиваат искуство од реалниот свет во канцеларија


Училиштето “Carpe Diem“ повеќе потсетува на една административна зграда отколку на училница. Во главната просторија, која се нарекува “Центар за обука“ се наоѓаат 300 преградени бироа со компјутери кои учениците секојдневно ги користат во совладувањето на вештините.

Моделот се покажал како доста успешен. Училиштето “Carpe Diem“ Аризона, кое е надлежна за мерење на успехот за четирите години по ред, добила оценка од 92 проценти ефикасност, додека просечните училишта имаат 65 проценти.

5. “Сино училиште“, Њујорк, САД - децата дури учат да рециклираат и да поправаат апарати за домаќинство


Основано како игралиште во 2006 година, целта на “Синото училиште“ била да се поттикне креативноста на прво место. Свесни за пропустите во функционирањето на образовниот систем, основачите одлучиле за образование во кое внесле мала откаченост и љубов спрема поставување на прашања и истражување.

На пример, во наставната програма е содржано осмислување на нови методи на рециклирање, создавање на 3D модели на Њујорк и поправка на апарати за домаќинство.




6 “Brightworks“, Сан Франциско, Калифорнија - децата го прават се она што нивните родители не им го дозволуваат


Училиштето “Brightworks“пробало неколку опасни нешта кои родителите им ги забрануваат на своите деца. Учениците за време на наставата целосно се валкаат, играат со оган, расклопуваат апарати за домаќинство и слично. Училиштето се наоѓа во простран магацин исполнет со уметнички проекти, мобилна сценографија за театар и уште еден “куп“ работи кои поттикнуваат креативност.

7. Училиште Big Picture Learning, Providence, Rhode Island - од самиот почеток се обидуваат со помош на ментори да дознаат што тие сакаат да работат во животот


Моделот на ова училиште се состои во рушење на ѕидови помеѓу образованието и светот на работа. Од самиот почеток, децата учат дека нивната креативна страст е на прво место. За да ја развијат оваа страст, децата добиваат ментори со кои работат во области, во кои еден ден сакаат да изградат кариера.



8. Училиште “Egalia“, Стокхолм, Шведска - не постојат родови заменки, сите се еднакви

Во училиштето “Egalia“ системот се базира на целосна рамноправност меѓу учениците. Во системот се вклучени две училишта, “Egalia“ и “Nicolaigården“, кои ја отфрлиле употребата на родовите заменки во надеж дека децата би се доживувале еднакви едни со други.

Наместо со тој или таа, децата се именуваат по име, но главната цел е елиминирање на сите можни дискриминации, вклучувајќи и дискриминација врз основа на пол, возраст, религија, социјален статус.

9. Училиште “Summit Sierra“, Сиетл, Вашингтон - децата се речиси целосно автономни во нивното образование


“Summit Sierra“ се отвори како училиште со персонален пристап кон учењето, форма на образование во кое употребата на технолошки достигнувања ги охрабрува учениците да преземат активна улога во своето образование.

Секој ден, децата поминуваат половина час за читање, половина час во решавање на математички задачи, следење на онлајн курсеви и со менторите и другите ученици зборуваат за кариера и цели во животот. Иако децата во овој модел на образование се многу повеќе независни, наставниците се исклучително важни, но пред се имаат улога на ментори.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование