X
 20.03.2019 Живот

Што претставува „шведскиот сон“?

Шведска одамна е светилник на надеж за оние што сакаат да го подобрат својот живот. Без оглед дали сте бегалец, Британец кој сака да избега од Брегзитот или едноставно сакате подобар живот, Шведска нуди можност, безбедност и шанса за добар живот за вас и вашето семејство.

Нордиската земја е речиси како модерна европска Америка - земја на можности и слобода. И додека „американскиот сон“ надолго и нашироко се дискутира и слави, малку внимание е посветено на „шведскиот сон“.

Можеби затоа што шведскиот сон воопшто не е сличен на американскиот. Американскиот сон е поврзан со пари, моќ и статус, додека шведскиот е поврзан со среќа, можност и семејство.

Регионот како Големото крајбрежје во Шведска, во заливот Бониан во Вастернорланд, 500 километри североисточно од Стокхолм, го отелотворува шведскиот сон - место на неверојатни природни убавини, просперитетни градови, одлични училишта и голем претприемачки дух.

Но, кои се другите составни делови на шведскиот сон?


Фото: Fredrik Lewander


Живот во близина на природата

„Бркањето“ на шведскиот сон би можело да биде спектакуларно убаво искуство - уникатна комбинација на океански, планински и шумски предели во регионот. Пешачење, сурфање, риболов, пловење со кајак, качување, скијање и возење на снег - сè е можно во различен период од годината.

Родова еднаквост


Пристапот на Шведска кон родовата еднаквост е редовен извор на зачуденост кај странците. Би се зачудиле од бројот на мажи што туркаат колички со деца низ градовите. Во Шведска вообичаено е мажите да си ги возат децата на велосипед низ градските центри.

Ова е резултат на шведското неверојатно дарежливо 16-месечно породилно отсуство што може да се подели меѓу мајките и татковците. Ова ги охрабрува татковците да се поврзат со своите деца и на мајките им овозможува да се вратат на работа.

Баланс помеѓу работата и животот

Кога првпат ќе почнете да работите во Шведска, ќе мора да се откажете од сите ваши претходни работни практики. Швеѓаните се лојални и високо посветени работници кои не се плашат да преземат иницијатива и да ги решат проблемите.

Оваа посветеност кон работата извира од третманот на работодавците. Тие не очекуваат работниците да ручаат во нивните канцеларии. Тие охрабруваат редовни паузи наречени „фика“ и нудат флексибилно работно време. Работниците си одат дома навреме. Голем број од родителите дури и ги напуштаат канцелариите порано за да ги земат своите деца од училиште и да ги однесат на скијачките патеки каде што ќе уживаат пред да се вратат дома.


Фото: Fredrik Lewander


Претприемачки дух и поддршка


Претприемачите во Шведска не сакаат само да заработат пари, туку сакаат и да го направат светот подобро место за живеење. Постои традиција на локалните жители да ги поддржат локалните претприемачи, купувајќи ги нивните бизниси, во феномен наречен „акции засновани на финансирање“ што ги зајакнува новите бизниси.

И локалните власти обезбедуваат поддршка за бизнисите. Општината Тимра неодамна беше рангирана на осмо место во категоријата најдобра услуга за бизнис во анкетата на Конфедерацијата за шведски претпријатија. Секој бизнис што се преселува на Високиот брег може да очекува топло добредојде и сеопфатна поддршка.

Одлично место за формирање семејство

Шведска нуди огромни можности за формирање семејство. Здравството е бесплатно за децата. Истото важи и за образовниот систем сè до факултет. Шведска ги негува младите и знае дека мора да инвестира во нив, а не финансиски да ги измачува.

Имот по достапни цени


Еден од најизненадувачките аспекти на Високиот брег е неверојатно ниската цена на имот. Во Шведска можете да купите куќа со четири спални, со поглед на езеро, во одлична состојба за 60.000 евра. Доколку сакате да реновирате, тоа би ве чинело околу 15.000 евра.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот