X
 13.06.2017 Живот

Може ли да се научи харизматичноста?

Секој е убав на свој начин, но една работа ги прави луѓето посебни – харизмата.

Елизабет Хотсон, репортер на ББС, вели дека долго време се прашувала дали е харизматична или не, сѐ додека еден ден нејзиниот уредник не ја советувал да посетува часови по харизма. Всушност таа добила задача да истражува дали може да се научи да се биде похаризматичен.

Истражувањето започнало со состанок со психологот Ричард Раид кој носел надимак г-н Харизматичен и кој имал редовни сесии на кои ги учи луѓето како да бидат такви.

Што значи да се биде харизматичен?

Харизматичност значи да оставете прв впечаток дека имате многу позитивни атрибути, дека има одредена енергичност кога другата личност е покрај Вас. Но, енергијата треба да биде малку умерена, да забавува и да паузира, со што ќе се дозволи и другата личност да се вклучи во разговорот.

Тој укажувал на важноста на контактот со очите и важноста на поставувањето прашања. Со прашањата особено се покажува повеќе интерес и се поттикнува довербата и ентузијазмот. Според Раид харизмата е да се предизвика позитивно чувство кај другиот, како и поврзување со другиот на подлабоко ниво.

Елизабет подоцна го исконтактирала Лорд Дигби Џонс, поранешен министер на Велика Британија за трговија и инвестиции. Според него, харизмата е самодовербата постојано да се комуницира и артикулира позитивна порака.

За Барбара Џаџ, претседател на Институтот на бизнис организации на директори, харизмата значи смеење. Таа верува дека харизмата може да се научи.

Но, ова не го мисли и професорот по психологија Ричард Вајзмен, кој е експерт за харизма. Тој вели дека никогаш не се да биде тренер, но верува дека тоа би било многу тешко.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот