Фотографите-аматери и професионалните фотографи го прославија натпреварот за најдобра фотографија од дивиот свет во Обединетото Кралство. На натпреварот беа доставени над 13.000 фотографии, кои потоа беа намалени на импресивна група победници.
Во конкуренција за возрасни, Чарли Пејџ беше прогласен за победник откако неговата слика со црвена лисица беше оценета како најдобра.
- Знаев дека ова е област посетена од лисици и сакав да направам слика со индустриска заднина за да го покажам уништувањето на оваа локална шума која е дом на лисицата. Се надевам дека фотографите на дивиот свет нема да се соочат со слични сцени во годините што доаѓаат - изјави победникот.
Младинската категорија ја освои Били Еванс-Фрек за неговата фотографија од кафеав був кој се одмора на дрво.
И другите победници доставија импресивни фотографии што ја прикажуваат богатата разновидност на дивиот свет низ Обединетото Кралство.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram