Јајцата се секогаш добар избор за оброк и се полни со неопходни хранливи материи. Сепак, за да не Ви здодеат гответе ги на различен начин.
Според некои луѓе за да направите поширани јајца треба да додате оцет во водата. Немојте да ги послушате. Користете свежи јајца. Исто така водата не треба да врие. Загрејте голем сад солена вода додека да видите мали меурчиња да се појават на дното. Намалете ја температурата на најниска.
Скапете го јајцето во помал сад и потоа внимателно пренесете го во средна цедилка над друг сад. Нежно вртете неколку секунди за да се исцеди белката и отстранете ја таа што останува на дното од цедилката.
Додека јајцето е во цедилката поставете го во водата целосно потопено и почнете да го обликувате со лажица со дупчиња. Кога ќе стане нетранспарентно, со истата лажица извадете го од цедилката.
Продолжете да го готвите јајцето во садот и постапката повторете ја со другите јајца, но внимавајте кое јајце сте го ставиле прво за прво и да го извадите. На крај извадете го со лажица со дупчиња на чинија.
Ако сакате да ги зготвите предвреме, по готвењето ставете ги во сад со вода со мраз за да се осигурате дека
жолчките нема да ја изгубат формата. На овој начин може да ги чувате до 3 дена. Пред да ги послужите ставете ги во жешка вода околу 2 минути.