Ако сте интроверт кој сака да живее во мир и тишина, оваа изолирана куќа на пуст остров сигурно ќе ве заинтересира. На „Фејсбук“ неодамна се појави оглас за продажба на куќа на плажата Вохоа во американската сојузна држава Мејн. Куќата е само 50 квадрати, но го добивате целиот остров од 6.000 квадратни метри.
Куќата е изградена во 2009 година, а нејзината цена е околу 260.000 евра. Бидејќи е опкружена со море, жителите нема да имаат соседи, освен евентуално неколку фоки. Од двете страни на островот има песочни плажи, а можете лесно да закотвите брод без разлика на нивото на морето.
Внатрешноста на куќата е изградена од топли материјали. Доминираат светло дрво и ретро-мебел, а во потпокривот има два кревета.
Единствениот проблем е што во куќата нема тоалет, освен полско веце.
Извор:
Index.hr
Фото:
Facebook