X
 18.04.2018 Култура

Островот со 700 жители „на работ на светот“ - вистинска инспирација за музичарите

Гиске е мал остров на северозападниот брег на Норвешка, опкружен со импозантниот Атлантски Океан. Највисоката точка на островот се издигнува на 23 метри надморска височина.

На овој остров живеат 700 жители, па поради мирниот живот, ова место претставува рај за туристите. Поточно, за музичарите кои во оваа идила сакаат да творат песни и да снимат албум.

Причина за тоа е несекојдневното музичко студио наречено „Оушн саунд рекордингс“, кое се наоѓа веднаш до океанот во зграда слична на брод.

An elevated view of an beautiful object. Photo: @waterdropfilm

A post shared by Ocean Sound Recordings (@oceansoundrecordings) on

И додека вообичаените места за снимање се сместени во подруми и други темни места, ова музичко студио има спектакуларен поглед на океанот. Сопственикот на студиото, Анте Гискеодегард, не сакал да прави компромис, па така вложил во најквалитетните и најдебелите стакла што ги блокираат надворешните звуци, а ги поттикнуваат уметниците да создаваат.

„Креативноста лежи некаде помеѓу музиката и природата“, вели Анте. „Да се биде толку близу до океанот и да се чувствувате како да сте на работ на светот предизвикува креативност кај уметникот“, додава тој.

Студиото е уредено во ретро-стил со многу стари ламби и теписи, со цел да се создаде удобна и креативна оаза. Во рамките на студиото се наоѓаат и спални соби, кујна и бања, што на музичарите им овозможува подолг престој во студиото.

Ready for the night shift.

A post shared by Ocean Sound Recordings (@oceansoundrecordings) on


Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура