X
 08.04.2023 Живот

Јапонски остров го ограничува бројот на туристи за да заштити автохтон вид мачка

Островот Ириомоте во Јапонија ќе го ограничи бројот на туристи на 1.200 дневно за да ги заштити автохтоните диви мачки.

На островот живеат само 2.400 жители, но годишно го посетуваат околу 300.000 туристи. Островот има топла клима во текот на целата година, па затоа е популарна дестинација за пливачите, нуркачите и планинарите.

Меѓутоа, со новата мерка, на островот ќе биде дозволен влез за само 33.000 туристи годишно за да се спречи оштетувањето на природата во која живее автохтоната дива мачка. Освен тоа, следната година ќе биде ограничен пристапот до планината Коми и реката Нишида, но и други локации заштитени од УНЕСКО.



Преголемиот број туристи најчесто доведува до уништување на околината и квалитетот на живот за локалните жители. Слични мерки за спречување на преголем туризам се преземаат и во други земји низ светот, меѓу кои и Индонезија и Холандија.

Извор: Travel tomorrow
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот