X
 14.05.2026 Живот

Овие лежечки полицајци ги казнуваат само оние што возат пребрзо

Се чини дека класичните лежечки полицајци полека заминуваат во историјата, барем во поразвиените делови на Европската Унија. Имено, нови лежечки полицајци се поставени во некои шведски градови како Карлстад, Упсала, Малме, а се шират и на Исланд, во Норвешка, Германија.

За што станува збор? Секој комплет на шведската компанија „Едева“ се состои од надзорна камера и активен забавувач на сообраќајот. Оние возачи што возат според ограничувањата на брзината нема ни да го почувствуваат забавувачот бидејќи тој ќе остане на висината (нивото) на патот. Ако возачот е побрз од ограничувањето, забавувачот ќе се спушти на неколку сантиметри и кога автомобилот ќе помине преку него, ќе почувствува удар.

Така се казнуваат само возачите што возат побрзо од ограничувањето, а сите други ќе поминат без последици, односно суспензијата на автомобилот нема да биде изложена на постојани удари и нема да страда. Пред самиот забавувач има и сообраќаен знак за известување.

Од „Едева“ велат дека независните процени покажале дека системот ја намалува бучавата, го подобрува протокот на сообраќај и ја намалува брзината.

 

Извор: Revijahak.hr
Фото: Screenshot/Youtube

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот