X
 20.05.2019 Живот

„Пивара Скопје“ воведува нова категорија пијалаци на пазарот

Strongbow и Apple Bandit – ново природно сајдер освежување од „Пивара Скопје“

„Пивара Скопје“ на пазарот лансира нова категорија пијалаци - САЈДЕР. Сајдерот е еден од најпопуларните нискоалкохолни освежителни пијалаци во светот. „Пивара Скопје“ лансира два сајдер брендa од портфолиото на Heineken: Strongbow, водечки премиум бренд во оваа категорија во светски рамки, како и брендот Apple Bandit, кој е исклучително популарен во Европа, а особено во земјите од нашиот регион.



- Следејќи ги пазарните трендови, како и преференциите и потребите на потрошувачите, кои секогаш се во фокусот на нашето работење, „Пивара Скопје“ одново ја проширува својата понуда, воведувајќи нова категорија пијалаци на пазарот. Среќни сме што и потрошувачите во земјава отсега ќе можат да уживаат во уникатното природно освежување што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда - Strongbow и Apple Bandit. На ваков начин, како компанија ја исполнуваме нашата основна мисија, преку постојани иновации да им овозможиме на консументите најразновидна и најширока понуда на квалитетни производи - изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во „Пивара Скопје“.
Сајдерот е оригинален, автентичен пијалак што се добива со ферментација на јаболка, како природна состојка. Се карактеризира со лесен, сладок до слатко-киселкаст вкус. Токму поради тоа, сајдерот нуди природно освежување кое дополнително е засилено со ниската газираност.



Благодарение на природните овошни ароми што можат да се користат во текот на процесот на производство, на пазарот може да се најдат и сајдер пијалаци со различни вкусови. Па така, покрај Apple Bandit и Strongbow со вкус на јаболко, на домашниот пазар „Пивара Скопје“ пласира и Strongbow сајдер со природен вкус на шумско овошје. Овие сајдер пијалаци содржат по 4,5% алкохол.
- Поради своите уникатни карактеристики, природните состојки, овошниот вкус и чувството на свежина, како и ниското ниво на алкохол, веруваме дека новите сајдер пијалаци што ги лансираме на пазарот ќе бидат одлично прифатени од најширок круг консументи и ќе бидат одлична алтернатива на постојните жестоки и останати видови алкохолни пијалаци. Новите сајдер пијалаци можат да се консумираат во различни пригоди, како што се дружењата по работа, и да се комбинираат со различни видови храна, апетисани и десерти, што секако ја зголемува нивната атрактивност и популарност кај голем број потрошувачи - објаснува Диана Симон-Брунс, маркетинг-менаџерка во „Пивара Скопје“.



Вработените и соработниците на „Пивара Скопје“ беа меѓу првите што имаа можност да ги пробаат и да се уверат во автентичниот, природен и освежувачки вкус на новите сајдер брендови, по што тие стануваат достапни за сите потрошувачи. Apple Bandit и Strongbow во неповратна стаклена амбалажа од 0,33 л веќе можат да се купат во угостителските и малопродажните објекти во земјава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот