X
 20.05.2019 Живот

Што се случува ако постојано носите слушалки?

Поседувам три пара слушалки за намалување на вревата. Два пара се големи, додека третиот пар се мали и ги користам за телефонски интервјуа. Покрај тоа, имам слушалки за секоја активност што ја извршувам. Всушност, неодамна дојдов до вознемирувачко сознание дека ретко постои момент во текот на денот кога моите уши не се исполнети или прекриени со нешто.

Како и многу Американци, сега носам „ејрподс“ цел ден на моето работно биро против страшната тиранија на отворената канцеларија. Бидејќи не ме штитат од вревата, тие ми овозможуваат да пишувам музика додека ги слушам моите шефови. Кога вежбам, не ги сакам тамошните плејлисти, па затоа вежбам слушајќи ја мојата специјално избрана содржина. Сакам да слушам поткасти додека готвам, а си ги ставам слушалките и кога сакам да гледам депресивна странска ТВ-серија, додека моето момче сака да прави нешто друго.

Моментално седам на аеродром. Тројца брадести мажи се смеат до мене и изгледаат како комедија за другари, но без глас. Станав личност што постојано ги разгледува веб-страниците за технологија, односно за слушалки што ја намалуваат вревата. Ваквите слушалки понекогаш се неопходни за работа, но исто така се неопходни затоа што живеам во еднособен стан со момче кое свири на виолончело. Освен тоа, во близина на нашиот стан нешто се гради, а тоа нешто вклучува кршење на два големи, метални блокови.

Поради ова, почнав да носам слушалки за спиење секоја ноќ. Ги носам и кога сум во хотел. Оваа навика очигледно доаѓа со здравствени ризици, но и неспиењето носи здравствени ризици. Понекогаш се прашувам што би помислиле луѓето од 19 век  кога би можеле да ѕирнат во мојот живот. Без сомнение би биле вознемирени, како што беа и критичарите на слушалките за „вокмен“ кога станаа културна сила во раните 80-ти години. Еден град дури и усвоил забрана за користење слушалки на улиците.

За оние што живееле пред слушалките, можеби изгледа како да сакам да постојам во светот без всушност да бидам дел од него. И до одреден степен тоа е точно. Урбаните милениумци како мене не живеат во свет што овозможува голема приватност. Сместени сме во тесни канцеларии, тесни автомобили и тесни станови. Врева и звуци има насекаде, така што твојата глава е единствениот личен простор што можеш да го добиеш.

Ги сфаќам опасностите од овој тренд - ќе одам толку далеку што ќе го наречам „социјално отуѓување“ и „деструктивност на врските“. Но, можам да кажам дека во овој момент сè e организирано, освен она што го слушаме. И сè додека непознатите звуци допираат до мене во текот на денот, добро е чувството кога повлекувам цврста, приватна граница.

Баш како што избираме сè друго, јас избирам што да ставам во моите уши. Другата врева ја нема.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот