X
 20.05.2024 Технологија

Како функционира поништувањето на бучавата кај слушалките?

Често при купување слушалки ќе ја забележите ознаката ANC, што означува активно поништување на бучавата. Дали знаете како функционира оваа технологија?

Постојат два фактора што можат да го подобрат или да го влошат вашето искуство на слушање музика во дигитален формат - квалитетот на звукот и изолацијата. Првиот фактор главно зависи од квалитетот на драјверот, опсегот на фреквенцијата, импедансите и вкупниот квалитет на изработка на слушалките. Кога станува збор за изолација на надворешната бучава, производителите на слушалки главно се потпираат на две решенија - активно и пасивно поништување на бучавата.

Пасивното поништување користи цврсто прилепување и затворена конструкција на слушалките за да се спречи продор на надворешна бучава до вашите уши. Кога станува збор за активното исклучување, често при купување ќе ја забележите ознаката ANC во маркетиншките материјали за слушалките, особено на премиум моделите, иако сега има многу достапни опции во речиси секој ценовен ранг.

Дали вреди да се плати малку повеќе за ANC?

Начинот на кој ја слушате музиката или кој било вид звук е преку звучни бранови кои настануваат со вибрации во воздухот. Овие вибрации ги движат честичките во околината, а нашиот мозок тоа го обработува како звук. Активното поништување на бучавата користи техника наречена фазна инверзија, која произведува бранови на иста фреквенција и бранова должина, но во спротивна фаза. Тоа предизвикува двата брана да се поништат, резултирајќи, теоретски, со тишина.

Велиме теоретски затоа што активното поништување на бучавата бара постојано и прецизно пресметување за да се произведе идентичен звучен бран за поништување на бучавата. Слушалките користат посебни микрофони за слушање на амбиенталните звуци околу вас во секој момент. Овие мали направи ги обработуваат звуците и се обидуваат да ја намалат бучавата со вметнување инвертен звучен бран во драјвовите. Ако ви е полесно, може да се објасни и вака: вие всушност ја слушате антибучавата низ слушалките со ANC.

Едно нешто што треба да се има на ум е што и покрај тоа што сте потрошиле многу пари на вашите слушалки, активното поништување на бучавата мора да го вклучите. Обично постои копче на слушалките за префрлување меѓу различни режими на транспарентност, а на бубиците обично се вклучува со допир на сензорниот дел.

Три методи за производство на антибучност

Производите опремени со активно поништување на бучавата главно се потпираат на три методи за производство на антибучава. Feedforward ANC користи микрофони на надворешниот дел од слушалките, додека Feedback ANC генерира звучен бран на основа на бучавата која веќе влегла во ушната школка. Комбинацијата од овие две, Hybrid ANC, може попрецизно да ги филтрира и високите и ниските фреквенции на звукот.

Одредени слушалки дури и ви овозможуваат да го контролирате интензитетот на поништување на бучавата, што може да биде многу корисно.

Сè на сè, сите се навикнавме на оваа опција, а главната причина е поквалитетниот звук и поголемото уживање.

Извор: Benchmark
Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Спиркоска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија