Боб Ленгер е еден од првите инвеститори во биотехнолошката компанија „Модерна“. Неговиот удел во фирмата наскоро ќе достигне вредност од над 1 милијарда долари, најмногу поради новата информација од фирмата дека
добро напредува со тестирањето на експериментална вакцина за Ковид-19.
Ленгер поседува 3,2% од компанијата. Неговиот удел вредел 934,3 милиони долари во понеделникот по порастот на вредноста на акциите на фирмата на рекордни 80 долари по акција.
Фото: YouTube
Ленгер, професор на Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ), е барем третиот инвеститор во „Модерна“ чиј удел достигнал вредност над 1 милијарда долари. Во негово друштво се и извршниот директор Стефан Бенсел и професорот на „Харвард“ Тимоти Спрингер. Уделот на Бенсел вреди 2,45 милијарди долари, додека оној на Спрингер вреди 1,38 милијарда долари.
Најголем добитник е компанијата „Флегшип Пајониринг Инк“, која била однована од еден од основачите на „Модерна“, Нубар Афејан. Уделот на фирмата во „Модерна“ вреди 3,27 милијарди долари.
Акциите на „Модерна“ се зголемиле најмалку четирикратно годинава. Компанијата
објави податоци од досегашното тестирање на експериментална вакцина за Ковид-19, покажувајќи знаци дека вакцината создава одреден имунитет против вирусот кај луѓето.
Автор: Девон Пенделтон и Том Малуни
Извор:
time.com