X
 17.06.2020 Живот

Овие европски дестинации се прогласени за најбезбедни за посета за време на Ковид-19

Европските земји почнаа со отворање на своите граници по воспоставените ограничувања за спречување на ширењето на Ковид-19, но кои дестинации им нудат најбезбедно искуство на надежните патници?

Новиот извештај објавен од веб-страницата за патувања „European Best Destination“ открива кои земји се најбезбедни, концентрирајќи се на оние што се најмалку погодени од Ковид-19. Овие дестинации имаат имплементирано и специфични протоколи за хигиена на места како хотели, ресторани и продавници.

Грузија


Во споредба со другите земји во светот, Грузија помина подобро во однос на вкупниот број случаи на коронавирус. Земјата брзо реагираше со мерки, а според истражувањето, бројот на случаи е приближно 260 пати помал од најпогодените европски земји. Со повторното отворање на границите на 1 јули во одредени земји Грузија ќе спроведе серија здравствени мерки за заштита на патниците и граѓаните.

Грција

1
Фото: Pixabay

Во Грција вкупниот број заразени и смртни случаи како резултат на Ковид-19 е мал за разлика од другите европски дестинации. Земјата во моментов им посакува добредојде на меѓународните патници со кафулиња, ресторани и барови со тераси кои функционираат. Грција има 50 пати помалку заразени луѓе од другите европски места, а здравствениот систем не беше оптоварен во ниту еден момент за време на здравствената криза. Според истражувањето, Грција исто така има повеќе болнички кревети по глава на жител од многу други европски земји. Посетите на плажите и туристичките атракции во моментот се следат со воспоставени практики за социјално дистанцирање.

Португалија

Со случаи 40 пати пониски од повеќето дестинации во Европа, Португалија се смета за добра дестинација за патување. Азорските Острови, Алгарве и островот Мадеира се наведени како пример за безбедни места за посета. Земјата неодамна ги претстави плановите за пречекување на туристите, во кои е вклучена и потребата посетителите да се тестираат за Ковид-19 и да бидат негативни во последните 72 часа, додека луѓето што патуваат во архипелагот Мадеира ќе треба да бидат во карантин 14 дена по пристигнувањето.

Хрватска

Хрватска е меѓу европските земји што беа најмалку погодени од коронавирусот, со стапки на заразени лица на милиони жители кои се за 20 пати пониски од другите европски земји. Како и Грција, и Хрватска е исто така една од европските земји со најголем број болнички кревети по жител. Земјата веќе се приспособува на новите начини на туризам, а најнов пример е новообјавеното приватно крстосување кое треба да почне со пловење во 2021 година.

romanija
Фото: Unsplash

Романија

Во Романија има 15 пати помалку случаи на Ковид-19 отколку во најпогодените европски земји. Земјата има пријавено вкупно 22.000 случаи и 1.410 смртни случаи. Земјата ги ублажува рестрикциите за слетување и карантин за други земји со мал број случаи, бидејќи се подготвува повторно да ги отвори бизнисите и услугите. Минатата година Романија беше прогласена за најбрзо растечка дестинација за патниците во Велика Британија.

Целосната листа со земји и градови можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: Lonely Planet
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот