X
 26.04.2020 Живот

Како нашите лекари му пркосат на вирусот, беше ли спремна Европа за кризата, УКИМ вежба... Што пишувавме неделава?

Има луѓе што немаат време за стравот од коронавирусот. Тоа се медицинските лица кои се во првите редови во борбата со невидливиот непријател. Европа не беше спремна, за разлика од Кина, вели академик Љупчо Кацарев во излагањето подготвено за нашите читатели. Како на „Зум“ одржуваат час по физичко околу 1.300 студенти на десет факултети на УКИМ? Ова се дел од темите што ги работевме изминатата недела.





Д-р Патриција Каламарас и д-р Кристина Трајчева-Шинделар


Светот е обединет. Во стравот, но и во надежта. Новиот, уште недоволно познат за науката коронавирус и болеста Ковид-19 што знае да ја предизвика и да е кобна никого не оставаат рамнодушен. Но, има луѓе што немаат време за стравот. Медицинските лица ќе размислуваат за психолошката состојба кога сè ќе помине. Дотогаш ќе се трудат да му пркосат на монструмот, како што го нарекуваат вирусот поради тежината на здравствената состојба што може да ја предизвика, и додека сите седиме дома, тие, облечени во заштитна опрема, во која едвај се дише, спасуваат животи.

За тоа како изгледа на терен, во ординација, во болничко возило, дома кај болен или покрај пациент во болничка постела разговаравме со две докторки. Д-р Патриција Каламарас, доктор на медицински науки, инфектолог, е раководител на одделението за инфективни болести во „8 Септември“ и раководител на одборот за корона во оваа болница. Има 32-годишно работно искуство, 23 години на Клиниката за инфективни болести, а од пред 9 години е во скопската градска општа болница.
Д-р Кристина Трајчева-Шинделар четири години работи во службата за Итна медицинска помош (194) и е исто така во прва линија во борбата против вирусот, најчесто на терен, поради спецификите на работата.





Додека сме дома и додека трае вонредната состојба, изнаоѓањето начини за физичка активност за сите нас е од големо значење. Добар дел од студентите следат онлајн-настава, минуваат доста време пред компјутерите или на телефоните и вежбањето е повеќе од потребно. Но, УКИМ најде начин како да вежбаат студентите со помош на професионалци.
Предметот спорт и здравје во тековниот семестар го следат десет факултети со повеќе од 1.300 студенти кои се поделени по групи. Откако се применува онлајн-наставата, Факултетот за спорт и здравје преку платформата „Зум“ воведе часови по физичко за сите овие факултети.

Доцент д-р Бранко Крстевски, кој е раководител на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематични факултети, вели дека по овој предмет може да се констатира дека посетеноста и посветеноста на вежбање во домашни услови е огромна.

- Платформата „Зум“ е лесно достапна за сите, а благодарение на ФФОСЗ, сите професори добивме соодветна обука што успешно ја применуваме со студентите. Професорите преку видеозаписи подготвени во домашни услови изработија повеќе комплекси на вежби за истегнување, флексибилност, како и вежби за подобрување на силовите способности на рачно-раменската, градната, грбната, стомачната и ножната мускулатура. Сето ова е во функција на подобрување и развивање на моторичките способности и вештини, кои се во директна корелација со здравјето на младите - вели Крстевски.



Археолошки локалитет Скупи


Античкиот град Скупи денес е практично споен со Скопје. Се наоѓа на патот кон селото Злокуќани, а се простира од двете страни на патот. Највпечатлив е античкиот театар граден во римски стил, кој лесно се забележува од десната страна на патот. Објектот кој беше детаљно археолошки истражуван пред повеќе од пет години ја чека својата иднина. Многумина посакуваат да биде целосно реконструиран и реупотребен како сцена за многу културни настани денес.

Во текот на археолошките ископувања археолозите открија многу културни слоеви, градби и археолошки предмети. Регистрирани се неколку различни фази на живеење на овој простор. Најраните траги се од железното време, 8-7 век пред новата ера. Од овој период пронајдени се два гроба, кои во минатото биле делумно уништени со подоцнежната изградба на театарот. Следуваат слоевите од доцноантичкиот период - времето откако завршило функционирањето на театарот, кон крајот на 4 век. Тогаш на просторот била изградена населба, која во неколку фази траела до 6 век.



Елизабета Секирарска

Моево денешно писание има вака кус наслов затоа што ќе се обидам да исцртам наш портрет, наш лик фатен од профил и анфас во услови на сѐ уште присутната, упорната и засега се чини несовладливата корона, несаканиот гостин кој ни се всели непоканет и засега не покажува намера да си замине, вака ја започна својата колумна проф.Елизабета Секирарска

Ни ги запоседна домовите, работните места, улиците, омилените места, просторите што беа наши и сега ги думаме со носталгија и силна желба да им се вратиме. Она што е пострашно, ни влезе во срцата и умот, а со оглед на околностите, настаните и реакциите, се чини дека, за жал, тоа се локации во кои уште долго ќе живеат трагите од посетата на мачниот гостин, тогаш кога ќе успееме да го избркаме од дома. Локации од кои се гледа кои сме.

Не знам како да го наместам штафелајот денес, а да го доловам нашиот лик во неговиот вистинскиот израз, искрено. Се мислам кој би бил тој реален израз, кој навистина би покажал кои сме, какви сме, до каде сме стасале во човечкиот од и што е она што нѐ дефинира во овие мачни услови во какви што, се чини, досега не сме се нашле. Секако, и оној што би покажал зошто не сме такви какви што би требало да бидеме.




Групата вируси позната под името коронавируси (вируси со круна) го добија своето име од карактеристичниот облик на вирусот, на чија површина се допираат честички што личат на круна. Овие вируси ги напаѓаат цицачите и птиците, а седум од нив ги заразуваат и луѓето и се смета дека се главна причина за појавата на вирусни респираторни инфекции низ светот, пишува академик Љупчо Коцарев. Три вируси (од овие седум) треба да се споменат: САРС (SARS-CoV), МЕРС (MERS-CoV) и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Според трудот објавен на 3 февруари 2020 година во списанието „Природа“, епидемијата почна на 12.12.2019 и до 26.01.2020 година предизвика 2.794 лабораториски потврдени инфекции и 80 смртни случаи. Табела 1 ги сумира раните клинички карактеристики на Ковид-19 споредени со епидемиите на МЕРС и САРС.

Д-р Александар Шулевски

Светлечки објекти што невообичаено се движеа на небото над Водно минатиот викенд возбудија многу граѓани во Македонија. Сателитите на компанијата „Спејс Екс“ на милијардерот Илон Маск уште од лани поттикнаа многу прашања, особено во научната заедница. Астрономите негодуваа на дозволите за лансирање илјадници сателити на небото и предупредуваа дека тоа ќе се одрази врз нивната работа. Дали можат да ги попречат астрономските истражувања, за Факултети.мк објасни д-р Александар Шулевски, гостин-истражувач при API, Институтот за астрономија на Универзитетот во Амстердам (UvA).

Како нашите лекари му пркосат на вирусот, 

Има луѓе што немаат време за стравот од коронавирусот. Тоа се медицинските лица кои се во првите редови во борбата со невидливиот непријател. Европа не беше спремна, за разлика од Кина, вели академик Љупчо Кацарев во излагањето подготвено за нашите читатели. Како на „Зум“ одржуваат час по физичко околу 1.300 студенти на десет факултети на УКИМ? Ова се дел од темите што ги работевме изминатата недела. 

https://www.fakulteti.mk/news/22042020/koga-se-soochuvash-so-sudbinata-na-pacientot-ochi-v-ochi-lekari-raskazhuvaat-kako-e-vo-prvite-redovi-protiv-kovid-19


Светот е обединет. Во стравот, но и во надежта. Новиот, уште недоволно познат за науката коронавирус и болеста Ковид-19 што знае да ја предизвика и да е кобна никого не оставаат рамнодушен. Но, има луѓе што немаат време за стравот. Медицинските лица ќе размислуваат за психолошката состојба кога сè ќе помине. Дотогаш ќе се трудат да му пркосат на монструмот, како што го нарекуваат вирусот поради тежината на здравствената состојба што може да ја предизвика, и додека сите седиме дома, тие, облечени во заштитна опрема, во која едвај се дише, спасуваат животи.

За тоа како изгледа на терен, во ординација, во болничко возило, дома кај болен или покрај пациент во болничка постела разговаравме со две докторки. Д-р Патриција Каламарас, доктор на медицински науки, инфектолог, е раководител на одделението за инфективни болести во „8 Септември“ и раководител на одборот за корона во оваа болница. Има 32-годишно работно искуство, 23 години на Клиниката за инфективни болести, а од пред 9 години е во скопската градска општа болница.
Д-р Кристина Трајчева-Шинделар четири години работи во службата за Итна медицинска помош (194) и е исто така во прва линија во борбата против вирусот, најчесто на терен, поради спецификите на работата.



https://www.fakulteti.mk/news/21042020/ukim-vezhba-studenti-od-10-fakulteti-imaat-fizichko-na-zum
Додека сме дома и додека трае вонредната состојба, изнаоѓањето начини за физичка активност за сите нас е од големо значење. Добар дел од студентите следат онлајн-настава, минуваат доста време пред компјутерите или на телефоните и вежбањето е повеќе од потребно. Но, УКИМ најде начин како да вежбаат студентите со помош на професионалци.
Предметот спорт и здравје во тековниот семестар го следат десет факултети со повеќе од 1.300 студенти кои се поделени по групи. Откако се применува онлајн-наставата, Факултетот за спорт и здравје преку платформата „Зум“ воведе часови по физичко за сите овие факултети.

Доцент д-р Бранко Крстевски, кој е раководител на Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематични факултети, вели дека по овој предмет може да се констатира дека посетеноста и посветеноста на вежбање во домашни услови е огромна.

- Платформата „Зум“ е лесно достапна за сите, а благодарение на ФФОСЗ, сите професори добивме соодветна обука што успешно ја применуваме со студентите. Професорите преку видеозаписи подготвени во домашни услови изработија повеќе комплекси на вежби за истегнување, флексибилност, како и вежби за подобрување на силовите способности на рачно-раменската, градната, грбната, стомачната и ножната мускулатура. Сето ова е во функција на подобрување и развивање на моторичките способности и вештини, кои се во директна корелација со здравјето на младите - вели Крстевски.


https://www.fakulteti.mk/news/24042020/dali-znaete-kolku-gledachi-sobiral-antichkiot-teatar-vo-skupi

Античкиот град Скупи денес е практично споен со Скопје. Се наоѓа на патот кон селото Злокуќани, а се простира од двете страни на патот. Највпечатлив е античкиот театар граден во римски стил, кој лесно се забележува од десната страна на патот. Објектот кој беше детаљно археолошки истражуван пред повеќе од пет години ја чека својата иднина. Многумина посакуваат да биде целосно реконструиран и реупотребен како сцена за многу културни настани денес.

Во текот на археолошките ископувања археолозите открија многу културни слоеви, градби и археолошки предмети. Регистрирани се неколку различни фази на живеење на овој простор. Најраните траги се од железното време, 8-7 век пред новата ера. Од овој период пронајдени се два гроба, кои во минатото биле делумно уништени со подоцнежната изградба на театарот. Следуваат слоевите од доцноантичкиот период - времето откако завршило функционирањето на театарот, кон крајот на 4 век. Тогаш на просторот била изградена населба, која во неколку фази траела до 6 век.

https://www.fakulteti.mk/news/20042020/kolumna-nie


Моево денешно писание има вака кус наслов затоа што ќе се обидам да исцртам наш портрет, наш лик фатен од профил и анфас во услови на сѐ уште присутната, упорната и засега се чини несовладливата корона, несаканиот гостин кој ни се всели непоканет и засега не покажува намера да си замине, вака ја започна својата колумна проф.Елизабета Секирарска. 
Ни ги запоседна домовите, работните места, улиците, омилените места, просторите што беа наши и сега ги думаме со носталгија и силна желба да им се вратиме. Она што е пострашно, ни влезе во срцата и умот, а со оглед на околностите, настаните и реакциите, се чини дека, за жал, тоа се локации во кои уште долго ќе живеат трагите од посетата на мачниот гостин, тогаш кога ќе успееме да го избркаме од дома. Локации од кои се гледа кои сме.

Не знам како да го наместам штафелајот денес, а да го доловам нашиот лик во неговиот вистинскиот израз, искрено. Се мислам кој би бил тој реален израз, кој навистина би покажал кои сме, какви сме, до каде сме стасале во човечкиот од и што е она што нѐ дефинира во овие мачни услови во какви што, се чини, досега не сме се нашле. Секако, и оној што би покажал зошто не сме такви какви што би требало да бидеме.

https://www.fakulteti.mk/news/23042020/akademik-ljupcho-kocarev-evropa-ne-beshe-spremna-azija-dobro-se-spravi-so-pandemijata


Групата вируси позната под името коронавируси (вируси со круна) го добија своето име од карактеристичниот облик на вирусот, на чија површина се допираат честички што личат на круна. Овие вируси ги напаѓаат цицачите и птиците, а седум од нив ги заразуваат и луѓето и се смета дека се главна причина за појавата на вирусни респираторни инфекции низ светот, пишува академик Љупчо Коцарев. Три вируси (од овие седум) треба да се споменат: САРС (SARS-CoV), МЕРС (MERS-CoV) и Ковид-19 (SARS-CoV-2). Според трудот објавен на 3 февруари 2020 година во списанието „Природа“, епидемијата почна на 12.12.2019 и до 26.01.2020 година предизвика 2.794 лабораториски потврдени инфекции и 80 смртни случаи. Табела 1 ги сумира раните клинички карактеристики на Ковид-19 споредени со епидемиите на МЕРС и САРС.


На писателите им треба тишина и изолација за да творат. Се чини дека периодов тие се едни од ретките на кои осамувањето не им пречи. Прашавме неколку наши писатели и поети што пишуваат периодов, дали имаат инспирација и дали самоизолацијата на некој начин им влијае врз делата што веќе почнале да ги пишуваат. Ги прашавме Венко Андоновски, Лидија Димковска, Билјана Црвенковска, Оливера Ќорвезироска, Владимир Мартиновски, Петар Андоновски, Давор Стојановски и Ана Стојаниска што пишуваат периодов, дали имаат инспирација или пак, можеби читаат повеќе. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот