X
 10.07.2020 Образование

Избери квалитет, избери традиција, избери го УКЛО: Ветеринарен факултет - Битола

Ветеринарниот факултет - Битола во новата академска 2020/2021 година ги отвора вратите за 45 нови студенти. Оттаму велат дека секој што ја сака оваа професија е добредојден, а Факултетот секој нов студент го дочекува како дел од едно семејството што е вклучено во исклучително благородна мисија. Ветеринарниот факултет – Битола едуцира стручни и научни кадри од областа на ветеринарната медицина и нуди професионално ориентирани програми насочени кон обезбедување висок квалитет на наставните програми.

Деканот на факултетот, Никола Караболовски, оценува дека трендот за интерес кон ветеринарната професија  произлегува од можностите што таа ги дава, но потенцира дека тоа е струка која нуди и нешто повеќе и  произлегува од хуманиот предзнак на професијата доктор по ветеринарна медицина, а тоа е љубовта кон животните. Тој нагласува дека грижата за животните најдиректно е поврзана со здравјето како јавно добро, што на ова занимање му дава уште една, дополнителна вредност. Средношколците што планираат да студираат на Ветеринарниот факултет во Битола треба да знаат дека сите капацитети, ресурси и кадарот на високообразовната институција им се ставени на располагање на студентите за да стекнат со знаења со кои ќе можат поуспешно да одговорат на барањата во областите на ветеринарната медицина имајќи го предвид фактот дека докторите по ветеринарна медицина денес во вкупното современо сточарство имаат сѐ поголемо значење.

Прецизирајќи зошто е добро да се студира на Ветеринарниот факултет во Битола, за кандидатите заинтересирани за овие студии Факултетот изготви презентација која е достапна на неговата веб-страница.

1

На тој начин матурантите директно и непосредно може да добијат одговори на најважните прашања поврзани со студирањето и поволностите и перспективите што ги нуди студирањето на Ветеринарниот факултет. Особено важни се и информациите дека Факултетот пристапи кон новиот концепт на додипломски студии, а наставниот план и програма се приспособени на европскиот систем на образование (ЕКТС), заради фактот што докторот по ветеринарната медицина претставува регулирана професија. Новиот концепт на студирање ѝ придава поголемо значење на практичната настава, се пристапува кон воведување аспекти на истражување и развој, како и иновирање на процесот на работа, со перманентно усовршување благодарение на набљудувањето, водењето и помагањето на студентот, како и градење партнерски однос и соработка со корисниците на услуги.

3

Наставниот кадар и студентите од оваа единица на УКЛО својата инвентивност и општествена посветеност најдиректно ја покажаа и за време на корона-кризата. Тие изработија информативни плакати за заштита од Ковид-19 во форма на постер/плакат со хигиенско-технички упатства и упатства за постапување со куќни миленици и презедоа дополнителни активности за превенција од ширење на епидемијата и за заштита на јавното здравје.

3

Во пресрет на уписите, пораката од Ветеринарниот факултет за основа ја има познатата максима на Луј Пастер: Лекарот го лечи човекот,  а ветеринарот човештвото!

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование