Томас Ман, добитникот на Нобеловата награда за книжевност во 1929 година, заедно со Џојс и Кафка, обележа една голема книжевна епоха во 20 век. Делата на Ман претставуваат класика на светската книжевност, осовено романите
Буденброкови,
Доктор Фауст и
Волшебниот рид.
Томас Ман зад себе остави романи, приказни, есеи полни со симболика и психолошка анализа на општествениот момент во кој живеел и творел, на колективен но и на индивидуален план. Мал дел од тој импозантен опус се и овие цитати:
* Љубовта, а не разумот, е она што е посилно од смртта.
* Говорот сам по себе е цивилизација.
* Осаменикот, ненавикнат да ги споделува со другите своите гледишта и чувства, има многу пожестоки ментални искуства и затоа е помалку разбирлив од дружељубивиот човек.
* Многу луѓе имаат бесмислен живот... Единствен начин на кој можеш да внесеш смисла во твојот живот е да се посветиш на љубовта кон ближниот, да се посветиш на заедницата која те опкружува, да се оддадеш на создавање на нешто кое на твојот живот ќе му даде цел и смисла.
* Со голем човек често доаѓаат и големи грешки.
* Човекот не го живее својот живот само како единка, туку свесно или несвесно, го живее и животот на својата епоха и своите современици.
* Дури и штетната вистина е подобра од корисната лага.
* Војната е кукавичко бегање од мирновременските проблеми.
* Телото, љубовта, смртта – овие три работи чинат едно, единствено нешто. Затоа што телото е болест и страст, а тоа ни носи смрт. Да, и љубовта и смртта се сладострасни, и во тоа лежи нивниот ужас и нивната магија...
* Од историските дела сознаваме повеќе за историчарите отколку за историјата.
* Љубовта е извод од страста.
* Разумот е глупав пред смртта, затоа што не е ништо друго освен доблест, а смртта е слобода, дрскост и сладострастие.