Омажи се за твојот најдобар пријател. Не го велам ова онака. Пронајди вистинско, најсилно и најсреќно пријателство во личноста во која ќе се заљубиш.
Некој кој ќе има и кој ќе зборува со високо мислење за тебе. Некој со кој можеш да се смееш. Она смеење од кое ќе те боли стомакот и ќе ти течат солзи. Она срамно, искрено смеење кое ќе те опорави и излечи. Духовноста е важна. Животот е премногу краток за да го поминеш со некој кој не те остава да имаш будалести моменти и да се направиш тотален будала заедно со него.
Пронајди некој кој ќе сакаш да биде до тебе и со тебе во текот на овие времиња. Најважно, омажи се со таа личност која ги комбинира страста, љубовта и лудилото и ти ги подарува. Љубов која никогаш нема да исчезне - дури и тогаш кога водата е се` подлабока и потемна.