X
 17.02.2023 Култура

Брус Вилис: „Многу сум погорд на тоа што сум татко отколку што сум актер“

Волтер Брус Вилис е една од најголемите ѕвезди во светот на акционите филмови. Најпознат е по улогата на Џон Маклејн во „Умри машки“, а има снимено над 60 филма. Во продолжение ви претставуваме неколку негови мисли.

- Не можеш да го поништиш минатото, но можеш да не го повториш.

- Уметноста го имитира животот, а некогаш животот ја имитира уметноста. Тоа е чудна комбинација на елементи.

- Ако им го одземете оружјето на оние што легално го поседуваат, тогаш единствените кои би имале оружје би биле лошите луѓе. Дури и пацифист би станал насилен ако некој се обиде да го убие. Би се бореле за вашиот живот, без оглед на вашите верувања.

- Губењето на косата е начинот на кој Бог ми кажува дека сум човек.

- Кој сум јас како татко ми е многу поважно од перцепцијата на јавноста.

- Многу сум погорд на тоа што сум татко отколку што сум актер.

- Да имав избор, постојано ќе работев комедии. Тоа е најпредизвикувачкото нешто. Да насмееш некого е најпредизвикувачко, но и највредно.

- Јас сум само обичен човек кој има неверојатно благословен живот.

- Сите, без разлика на која возраст се, во срцата имаат околу 25 години.

- На вашите деца им е потребна вашата љубов и внимание и можноста да им се посветам на моите деца ме исполнува. Како што стареам, поминувањето време со ќерките многу ми ги олеснува нештата. Така учиш да го ставаш егото настрана.

Извор: Inspiring Quotes
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура