Во 2015 година НАСА откри дека океаните на Земјата се зголемуваат побрзо од очекуваното, со 90 сантиметри зголемување на нивото на морето во наредните децении.
Тоа само по себе би било доволно за да преселат милиони луѓе низ светот, но ако продолжи трендот и сите поларни ледени капи и глечери се стопат, се претпоставува дека океаните ќе се издигнат на 65,8 метри.
Каде би завршила оваа вода?
Видеотимот на „Бизнис инсајдер“ ја создаде оваа анимирана мапа што ќе ве одведе на виртуелна турнеја при што ќе видите како ќе изгледаат сите континенти без мраз. Мора да признаете дека е прилично застрашувачко.
Некои од подрачјата што се под нивото, како Венеција, за брзо ќе исчезнат. На прв поглед планетата не изгледа толку различно.
Но кога ќе се насочите околу Азија, работите стануваат прилично реални, а големите градови како Калкута и Шангај целосно исчезнуваат, а САД стануваат многу помали.
Она што е навистина шокантно е дека мапата не е луда проекција на иднина што не би можела да се случи - научниците постојано предвидуваат иднина во која нема мраз на Земјата.
Како што „Нешнл џиографик“ предвиде во 2013 година, веројатно би биле потребни 5.000 години за да се стопат околу 20,8 кубни километри мраз на Земјата.
Ако постои доволно јаглерод во атмосферата за да се запрат
работите, зголемувањето на нивото на морето најверојатно ќе биде најмала од сите наши грижи, со оглед на тоа што се предвидува просечната температура на планетава да достигне околу 26,6 Целзиусови степени наместо досегашните 14,4 степени. Ова би предизвикало хаос кај растителниот и животинскиот свет.