X
 13.08.2016 Наука

Тајните кои научниците ги користат за да ги задржат студентите на факултет

Да се биде човек значи постојано да се биде во војна меѓу сопствените возвишени цели и нашите непосредни импулси. За жал, сосема разбирлива е тенденцијата еден фактор да ги спречи луѓето да го продолжат или завршат нивното образование.

- 93% од средношколците велат дека сакаат да продолжат на факултет, но 1 од 10 од нив никогаш не аплицираат.

- Меѓу 10 и 15% од оние кои се примени никогаш не се регистрирале за предавања и часови.

- Од оние кои се појавуваат, само 59% успеваат да дипломираат во разумен временски период.

Една необична организација сака да го промени сето ова - не преку типични средства, со пари или ментори, туку со затворање на празнините помеѓу намерите на студентите и нивните активности. „Ideas42“ е непрофитна лабораторија за истражување која дизајнира интервенции на политиката за да им помогне на луѓето да донесат подобри одлуки поврзани со нивните животи.

Примарната метода е преку она што се нарекува „наука во однесувањето“ - да примени увид од психологијата и другите општествени науки во вистинските проблеми низ светот.

Меѓу нивните научни советници се наоѓа и Ричард Талер, економист за однесување и ко-автор на книгата „ Nudge: Improving Decisions About Health, Wealth, and Happiness“ и Даниел Канеман, психолог и добитник на Нобеловата награда и автор на книгата „Thinking, Fast And Slow“.

Образованието е една од неколкуте програмски области на „Ideas42“, заедно со здравјето, сиромаштијата и развојот, потрошувачките финансии и одржливоста.

Претходно ова лето, организацијата ги објави резултатите од неколку големи високообразовни интервенции. Ако студентите се чини дека одат нагоре по патот на дипломирањето, тогаш се дизајнираат интервенции за зајакнување на нивниот пат.

На пример, Државниот универзитет во Аризона се соочи со проблем - студентите не ги поднесувале навреме нивните бесплатни барања за сојузна студентска помош. Во 2014 година, само 18% од студентите успеале до рокот да ги поднесат барањата. „Ideas42“ го направи тоа што се нарекува „дијагноза на однесувањето“ и откри дека голем дел од студентите ги поврзуваат овие барања со аплицирање на факултет.

Голем дел од нив не сфатиле дека ако чекаат премногу долго, се намалува пакетот со расположлива помош, грантови и стипендии.

„Ideas42“ заедно со Универзитетот создаде серија на меилови кои пристигнуваа во рок од осум недели, по еден секоја недела до десетици илјади студенти. Меиловите објаснуваа зошто е важен рокот на поднесување и им го разложи процесот на неколку чекори.

„Вашите родители ќе ви бидат благодарни. Во просек, студентите кои поднесуваат после 1 март добиваат само половина од финансиската помош“, пишувало во меилот. И нивните родители добиле пораки за потсетување.

Резултатите биле драматични. Кога и родителите и студентите добиле меилови, половина од учениците ги пополните барањата до крајниот рок. И овој напор се исплатил: студентите биле платени 643 долари поголема помош.

Финансиското донесување на одлуки не е единствената област на која организацијата сака да интервенира. Во текот на другите интервенции биле искористени и видео сведоштва за да се зајакне чувството на припадност на факултет кај студентите.

Овие видови на стратегии за комуникација не се наменети да бидат замена за соодветна помош за проблематичните студенти. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука