X
 24.06.2016 Образование

Како социјалните медиуми го уништуваат англискиот јазик?

Во денешно време може да се каже дека англискиот јазик без сомнение, е динамичен. Во последните 200 години, голем број иновации како и културни, верски и ситуациски кодови го трансформираа јазикот и го проширија речникот со нови зборови и идиоми.

Социјалните медиуми започнуваат да пишуваат нов вид на англиски јазик, а ова особено се однесува на младите луѓе. Сето ова по малку е застрашувачко и жално бидејќи започнува да излегува од редовната писмена форма. Пишувањето пораки и твитови создава една генерација на корисници на англиски јазик кои не можат да пишуваат добри граматички реченици.

Оваа нова група на корисници на англиски јазик не ја знаат разликата помеѓу запирка и две точки. Тие немаат почит кон интерпукцијата. Тие ги мешаат заменките, ги канибализираат глаголите и прилозите, и ја игнорираат интерпукцијата и со тоа ги кршат сите правила на лексиката и синтаксата. Се чини де повеќе се потпираат на звукот и на формалното значење. Оваа генерација покажува на недостаток на капацитет да пишуваат значајна проза, да комуницираат соодветно или пак да размислуваат правилно.

Можеби сте се сретнале со овој нов јазик. Звучи нешто како англискиот, меѓутоа неговиот изглед е подложен на еден вид на „казна“ со прекумерни кратенки, компресии и модификации. Оттука, на местото на зборот „for“ често пати се гледа бројот „4“, па така зборот „forget“ станува „4get“, или „fortune“ станува „4tune“, а „forever“ е „4eva“. Зборот „see“ се сведе на една буква „С“, а „you“ стана „u“. Веројатно и ќе пронајдете чудни работи како „CU“ или „cya“ наместо „see you“.

Некои од зборовите претрпеа слична судбина: „straight“ сега е „str8“, „first“ е „fess“, „will“ е „wee“, „house“ е „haus“, „help“ е скратено на „epp“, фразата „kind of“ е „kinda“, „money“ е moni“ итн, а изразите како „How are you“ се претворени во „Hawayu?“, „Where are you?“ е „Wia r d u? па така има „the you“, „the me“, „the us“ итн.

До моментот кога овие нови зборови се комбинираат со она што би требало да стои во една реченица, тешко е да се бара смислата надвор од она како звучат. Често оваа специјална проза пристигнува среде голем број на други збунувачки симболи, емоции, мемиња, акроними и кратенки изгледајќи како фотографска комбинација помеѓу англискиот и хиреоглифи. Некои од најпопуларните кратенки се Lmao (“laughing my ass off”) lol (“laughing out loud”), lwkmd (“laughter wan kill man die”), stfu (“shut the fuck up”), omg (“Oh my God”), rofl (“Rolling on the floor with laughter”), uwc (“you are welcome”), smh (“shaking my head”) brb (“be right back”), #tbt (“throw-back Thursday”), #WCW (“Woman Crush Wednesday”), and such new words as “bae”, “boo”, “finz”, “famzing”, “Yaaay”. Not to talk of such expressions as “You should mute me now”; “get wifed-up”,  “birthday loading”, “you hammer”, “kwakwakwakwa.

Ова поврзување на јазикот станува полошо кога е сведено на жаргон кој го сфаќаат само младите луѓе кои го користат. Така, можете да го проверите телефонот на вашето дете и да гледате во нешто непознато и нешто што нема смисла, а всушност постои опасност две млади лица да си пишуваат пораки со сексуална содржина.

Голем дел од децата кои се социјализирале на овој начин на комуникација, не секогаш разликуваат точен и неточен англиски јазик и ова е причината зошто родителите и наставниците треба да бидат загрижени. Може да се заклучи дека предавањето на морфологија и синтакса во училиштата не е повеќе ригорозно како што некогаш било.

Способноста една личност да пишува јасно ја зајакнува способноста на лицето да размислува јасно и да комуницира ефективно. Ова не треба да ги изненадува младите луѓе кои повеќе се чувствуваат удобно во светот на уредите и електронските апарати. Тие живеат и онлајн и офлајн, поминувајќи поголем дел од денот на веб страни, со што нивното емоционално развивање е поврзано со таа реалност. На повеќето родители им недостасува знаење за тоа што се случува на социјалните медиуми, и додека некои родители се обидуваат да научат брзо, јазот се`уште постои меѓу нив и нивните дигитално поучени деца.

Злоупотребата на англискиот јазик и неспособноста да се пишува добро сигурни не е единствениот ризик што го предизвикува опсесијата со социјалните медиуми. Родителите исто така треба да бидат загрижени со самата зависност, изложеност на несоодветни содржини: педофили и сексуални предатори кои постојано оперираат на интернет за да пронајдат невини жртви и да ги привлечат.

Да се вратиме на проблемот со јазикот - нашиот очај е малку модериран од страна на фактот дека односите помеѓу човекот и технологијата преку социјалните медиуми исто така резултираше со доста корисна креативност. На тој начин се родија зборови кои се во редовна и секојдневна употреба во нашата комуникација. Зборовите како: “unfriend”, “unlook” “twitter status”, “profile”, “trending”, “timeline”, “twitterati”, “blogging”, “bloggers”, “tweet”, “retweet”, “hashtag” станаа наше секојдневие и го привлекоа вниманието на лексикографите како јасен доказ за живата и еволутивна природа на англискиот јазик. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование