Потребни се 300 меѓународни единици на антитела во крвта за целосна заштита од делта-сојот на коронавирусот. Ова го соопшти за рускиот весник „Известија“ Александар Гинзбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
- Откривме дека се потребни 300 меѓународни единици на антитела во крвта за целосна заштита од делта-сојот. Но, ако имате 500 единици или повеќе, ова е идеално за заштита од инфекција со ковид-19 - вели Гинзбург.
Студијата, спроведена со помош на здравствените власти на Москва, вклучила 4.000 жители на руската престолнина.
Според директорот на истражувачкиот центар, ограничувањата за борба против коронавирусот се практично бескорисни доколку не се комбинираат со потребното ниво на вакцинација. Тој потсетува дека според пресметките на градското собрание на Москва, бројот на вакцинирани се зголемувал за четирипати на дневна основа и треба да се зголеми за 10 пати. Потоа, според зборовите на Гинзбург, ќе може да се надмине оваа инфекција за неколку месеци.
Фото: Freepik