X
 16.07.2018 Живот

Што треба да знаете за Колинда Грабар-Китаровиќ

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, го освои интернетот во текот на Светското првенство во фудбал поради нејзината безусловна поддршка на хрватската репрезентација. Колинда испиша историја кога во 2015 година стана првата жена избрана за претседател на Хрватска. На 50 години, таа исто така е најмладиот претседател во историјата на Хрватска.

Таа беше во Русија и ги бодреше хрватските фудбалери на сите натпревари.

- Без оглед на резултатот, ние сме победници. На финалето одам не само како политичар или претседател, туку и како страстен обожавател на хрватскиот фудбал, како некој што играл фудбал во детството - истакна Колинда пред финалето.

Хрватската претседателка е магистер, а пред да седне во претседателската фотелја била министер за европски работи, министер за надворешни и европски работи, хрватски амбасадор во САД и помошник на генералниот секретар за јавна дипломатија на НАТО.

Еве неколку факти за претседателката на Хрватска.

1. Колинда е првата жена-претседател на Хрватска

Во 2015 година Колинда го победи Иво Јосиповиќ и стана првата жена претседател на Хрватска. Таа освои 50,5 отсто од гласовите. Колинда е дел од Хрватската демократска заедница. Нејзината победа на изборите се сметаше за знак за промени во земјата.

#izmjestanjeureda #sibenskokninskazupanija #sibenik #decentralizacija

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@predsjednicarh) on


2. Мажена е за Јаков Китаровиќ и има две деца

Во 2010 година Китаровиќ се најде среде контроверзија откако беше откриено дека наводно користел автомобил на хрватската амбасада за лични потреби. Тој има диплома од Факултетот за електротехника и компјутерски науки во Загреб, каде што и магистрирал, а има диплома и од Поморскиот факултет во Риека. Во 2016 година Китаровиќ ја прифаќа понудената работа во „Пластик“, каде што работи како советник за корпоративна безбедност. Таа компанија е најголемиот хрватски производител на пластични делови за автомобилската индустрија. Претходно тој работел во „Реверсинг Лабс“, компанија која се занимава со информатика и изработка на безбедносен софтвер.

Колинда и Јаков имаат две деца, Катарина и Лука.


Фото: Heavy

3. „Форбс“ ја стави на листата со најмоќни жени во светот

Историската победа на Колинда ѝ донесе голема почит. Во 2017 година „Форбс“ ја стави хрватската претседателка на 39. место на листата со најмоќни жени.

Фото: Heavy

4. Колинда отиде на Мундијалот со економска класа и ги гледаше натпреварите од трибините

Грабар-Китаровиќ во Русија замина со економска класа и наместо да ги гледа натпреварите од ложата, таа преферираше да ја бодри својата репрезентација од трибините, како обичен фан.

- Сакав да покажам дека јас сум навивач како и сите други и сакав да го поддржам тимот во кругот на фановите на трибините - рече Колинда по натпреварот меѓу Хрватска и Русија.

5. Го преферира терминот еднаквост наместо феминизам

Иако Колинда беше среќна што нејзиниот избор значеше многу за жените во Хрватска, таа не се смета себеси за феминист.

#ubojubojzanarodsvoj 🇭🇷💪🏻⚽️🏆

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@predsjednicarh) on


- Не сум феминист. Јас сум личност која само сака да види еднаквост, еднаков третман за сите. И да, ќе се залагам за промовирање на жените во бизнисот и во политичкиот и социјалниот живот, во јавниот живот, но не значи дека сакам жените да бидат привилегирани на некој начин, сакам само еднакви можности за сите - истакна Колинда.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот