Не сте љубител на фудбалот или едноставно ве нервира постојаното коментирање за Светското првенство? Или можеби едноставно не сте стигнале да го гледате натпреварот и не сакате да ги видите резултатите?
Повеќе не мора да се грижите за тоа бидејќи „Фејсбук“ ја претстави опцијата за „замолчување“ на постовите што имаат одредени клучни зборови.
Оваа функција ви овозможува привремено да ги скриете објавите што содржат одреден клучен збор по ваш избор. Кога ќе го додадете зборот на „црната листа“, цел месец нема да гледате објави од лица или групи што го содржат тој збор. Тие сѐ уште ќе ви се појавуваат кога ќе им влезете во профилите на тие луѓе, па ќе треба да бидете внимателни. Како и да е, барем почетната страница на „Фејсбук“ ќе ви биде безбедна зона.
За да ја искористите оваа можност, кликнете на трите точки што ви се појавуваат во десниот горен агол од објавата која е како оние што сакате да ги избегнете. Ќе ви се појави мало прозорче со неколку опции, како зачувување на објавата, нејзино скривање или отследување на пријателот или страницата. На дното од тоа прозорче ќе видите опција за „замолчување“ на клучни зборови од објавата (Snooze keywords in this post). Кликнете тука за да го почнете процесот.
Фото: LifeHacker
Засега оваа опција е можна само на мобилната апликација на социјалната мрежа. Сепак, од „Фејсбук“ истакнаа дека ако направите промени, односно отстраните некои објави од вашата почетна со помош на оваа функција на вашиот мобилен телефон, тие објави нема да се појавуваат и кога ќе се пуштите преку компјутер.
Ако не можете да ја најдете функцијата на вашата апликација, осигурете се дека ја имате инсталирано последната верзија на „Фејсбук“. Ако сѐ уште ја нема, дајте ѝ неколку часа или денови и ќе се
појави.