X
 20.06.2019 Образование

Милијардер од Хонг Конг ќе плати 14 милиони долари школарина за кинески студенти

Најбогатиот човек во Хонг Конг, Ли Ка-Шинг, вети дека ќе ги плати школарините за еден клас на студенти преку неговата добротворна фондација.

Фондацијата „Ли Ка-Шинг“ ќе ја финансира генерацијата студенти од 2019 година на Универзитетот Шанту, и тоа ќе го прави во период од 5 години.

Ли, кој има 90 години, има нето-вредност од 30,4 милијарди долари.

milijarder
Фото: Getty Images

Минатиот месец, милијардерот Роберт Сми направил сличен потег, ветувајќи дека ќе ги плати кредитите на цел клас на студенти од американски колеџ.

Фондацијата „Ли Ка-Шинг“ ќе ја покрие целосната школарина четири до пет години за студентите, почнувајќи од студентите кои се запишале во 2019 година на Универзитетот Шанту.

- Фондацијата се надева дека оваа шема ќе може да ги намали финансиските оптоварувања за семејствата и ќе ги охрабри во потрагата по лични интереси и понатамошно учење за подобро да ги подготви дипломците за предизвиците на сложената глобална економија - се вели во соопштението на фондацијата.

Господин Ли, кој почнал да работи како чистач во фабрика додека бил младо момче, во 2019 година од „Форбс“ беше рангиран на 28. место на најбогатите луѓе во светот. Тој се пензионирал минатата година, а негоата бизнис империја му ја оставил на неговиот најстар син, Виктор Ли.

Милијардерот бил прогласен за витез од Велика Британија во 2000 година и го добил прекарот „Супермен“ за неговиот бизнис и инвестициски успех.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование