Никогаш не е добро ако телефонот заврши во вода, дури и ако на него има ознака дека е водоотпорен. Ако водата е солена или со хлор, веројатноста да биде засекогаш оштетен се зголемува. Поради тоа, ако ова лето телефонот ви падне в море, реагирајте колку што можете побрзо. Извадете го, исклучете го, отстранете ја батеријата (доколку телефонот го дозволува тоа).
Измијте го со обична вода или уште подобро, 96-отстотен алкохол за да не дојде до оксидација.
Немојте да го сушите со фен, ниту да дувате во него бидејќи така влагата уште побрзо ќе се прошири. Наместо тоа, употребете силиконски топчиња против влага. По минимум два дена сушење во нив (или во ориз), обидете се да го вклучите. Доколку работи, најпрво проверете како екранот реагира на допир и дали работат звучниците, односно дали
телефонот е оштетен на некаков начин и дали е потребна помош од искусен сервисер.