На Месечината дефинитивно е пронајдена вода, како и „стапици за вода“ во кои таа може да стои, соопшти американската вселенска агенција НАСА.
Научниците претходно мислеле дека каква и да е вода на сончевата страна на Месечината веднаш се губела, но се чини дека не е така. Истражувачите велат дека во некои делови од Месечината има мали парчиња мраз, кои се наоѓаат во региони кои постојано се во сенка. Овие мали делови во сенка се помали од една монета и се наречени „ладни стапици“. Се претпоставува дека тие не биле изложени на ниту еден зрак на сончева светлина милијарди години.
Сега, научниците велат дека веројатно има многу повеќе вакви замрзнати делови отколку што се мислело претходно. Се проценува дека на Месечината може да има околу 15.000 квадратни милји трајни сенки во разни форми и големини. Според научниците, ова може да бидат резервоари за складирање замрзната вода.
Фото: Pixabay
Истражувачите денес изјавиле дека откритието било направено со помош на податоци од набљудувања на Месечината и користење на математички алатки за претставување на површината на Месечината. Тие предупредуваат дека не може да докажат дека овие сенки содржат џебови со мраз, а единствениот начин да се докаже тоа е да се оди на лице место.
Сепак, според нив, резултатите од новото истражување ветуваат и идните мисии до Месечината може да откријат повеќе за изворите на вода на Месечината.
Автор: Ендру Грифин
Извор:
indepdendent.co.uk