X
 17.04.2022 Здравје

Човекот внесува 5 грама пластика неделно преку храната и водата

Се проценува дека луѓето јадат околу 5 грама пластични честички неделно. Овие пластични честички се внесуваат во телото од пластичниот отпад кој се наоѓа во морската сол, морската храна, па дури и водата, велат научници од Медицинскиот универзитет во Виена.

Пластичните честички може да направат промени во гастроинтестиналниот тракт, кој е поврзан со болести како прекумерна телесна тежина, дијабетес и хронична болест на црниот дроб.


Фото: Pixabay

Научниците велат дека лицата што пијат вода од пластични шишиња може да се внесат дури 90.000 пластични честички во телото годишно. Од друга страна, оние што пијат вода од чешма внесуваат околу 40.000 пластични честички годишно.

Според научниците, здравствените ефекти од пластиката во телото може да бидат непоправливи.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје