Вселенскиот телескоп „Хабл“ фати две галаксии во поминување како воспоставуваат контакт. Познато како „UGC 2369“, снименото дуо еден ден ќе се спои и ќе стане една галаксија. Но, засега двете галаксии само се запознаваат.
На фотографијата може да се видат галаксиите како вртат една околу друга додека заемната привлечност (гравитацијата) ги приближува една до друга. Според Европската вселенска агенција, она што моментално ги поврзува двете галаксии е незначителен мост од гас, прашина и ѕвезди - исто како да се држат за раце.
Галаксиите се екстроверти во срцето - повеќето им припаѓаат на галактички групи на кластери. Во такви средини интеракцијата меѓу два или повеќе членови не е невообичаена. Дури и кога некако ќе се избегне судир, интензивната гравитација сè уште може да ја промени формата на галаксијата.
На многу начини ова е тоа што ги прави галактичките интеракции толку фантастични за набљудување. На пример, прелетувањето на галаксиите, каде што не се воспоставува контакт, може да создаде трајни извиткувања или издолжувања. Спојувањата, од друга страна, се многу подеструктивни и тоа е особено точно кога галаксиите се со речиси иста големина. Овие поголеми настани се поретки од помалите спојувања, но се смета дека нашата галаксија ја чека ваква судбина во иднина.
Моментално Млечниот Пат уништува и апсорбира две блиски џуџести галаксии, познати како Стрелец и Големо Куче. Сепак, еден ден нашата галаксија може да биде
оброкот.
Астрономите се прилично сигурни дека Млечниот Пат и Андромеда во некој момент по милијарди години ќе се судрат и ќе станат „Милкомеда“. Точно кога би можело да се случи тоа и како ќе се одигра, сè уште е предмет на дебата.
Фото: ESA/Twitter