X
 23.01.2019 Наука

За три години Европската вселенска агенција ќе почне да копа руда на Месечината

Европската вселенска агенција (ЕСА) планира до 2025 година да почне да рудари на Месечината. За таа цел, ЕСА потпиша договор со производителот на ракети „Аријан груп“, кој би требало да ја проучи и подготви мисијата за вадење на реголит. Реголитот ја покрива целата површина на Месечината, до длабочина од најмалку 3,5 метри и може да се преработи за од него да се добијат кислород, вода и гориво.

Многу вселенски агенции веруваат дека рударењето на Месечината е клучно за воспоставување постојани месечеви бази или колонии.

- Употребата на вселенските ресурси може да биде клуч за одржување истражувањето на Месечината и оваа студија е дел од сеопфатниот план на ЕСА да ја направи Европа партнер во тоа истражување - истакна Дејвид Паркер, еден од директорите на агенцијата.

„Аријан груп“ објави дека во мисијата нема да биде вклучено испраќање на луѓе на Месечината, туку роботска опрема.

- Оваа година ја одбележуваме 50-годишнината од првите човечки чекори на Месечината и „Аријан груп“ затоа ќе ги поддржи сите постојни и идни европски проекти за Европа да има независен и суверен пристап до вселената - истакна првиот човек на компанијата, Андре-Хуберт Русел.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука