X
 20.08.2019 Наука

Месечевиот камен донесен со „Аполо 14“ потекнува од Земјата

Австралискиот научник Александер Немчин од Универзитетот „Кертина“ смета дека познатиот Месечев камен, за кој се вели дека е донесен со мисијата „Аполо 14“ во 1971 година, всушност потекнува од Земјата.

Неговите истражувања говорат дека камчето од Земјата отишло на Месечината пред четири милијарди години. Структурата на каменот потсетува на гранит и на Земјата го има во големи количества. Тој, исто така, содржи и кварц и циркониум.

- Од хемиска гледна точка, тој го има типичниот состав на Месечината, но многу личи на некои од најдревните карпи на Земјата - образложува Немчин.

Откривањето таков камен на Месечината се објаснува со поголемото присуство на метеорити пред милијарди години. Во тој период Месечината се наоѓала доста поблиску до нашата планета.

Извор: МИА
Фото: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука