„Твитер“ штотуку ја претстави компјутерската верзија за „Digits“, алатката за „убивање“ на лозинката, наменета за програмерите. „Digits“ е еден елемент од „Twitter fabric“, новиот пакет алатки за програмери кој беше претставен изминатата година од страна на социјалната мрежа.
„Digits“ ги заменува лозинките со мобилни телефонски броеви за да го олесни вклучувањето во новите апликации.
Идејата е со намалувањето на податоците при вклучувањето да им се олесни на програмерите да ги зачуваат корисниците на својот сервис бидејќи некои корисници не сакаат да прават нови профили со лозинки за секој сервис.
„Digits“ го поедноставува процесот на вклучување или пријавување за нова апликација - велат од „Твитер“. Со алатката, корисниците се вклучуваат само еднаш за сите сервиси.
Алатката веќе беше достапна за програмерите во „iOS“ и „Android“, но сега е достапен и за компјутерските интернет-страници.
Како функционира?
Секој корисник кој е вклучен во мобилна апликација со телефонскиот број ќе види известување кога ќе се вклучи на интернет-страницата на апликацијата. Првиот пат треба да се потврди телефонскиот број со СМС-порака. Потоа, процесот нема да се повторува.