X
 29.07.2023 Технологија

Роботите можат да учат од видеа на „Јутјуб“

Истражување на група научници од американскиот универзитет „Карнеги Мелон“ во Питсбург ги покажува можностите на паметните роботи за „учење“ од видеа на „Јутјуб“.

Нивните роботи успешно научиле да ги извршуваат секојдневните домашни работи и други едноставни задачи, како што се отворање фиоки, капаци или рерна, вадење тенџере од шпоретот или подигнување одредени предмети за домаќинството со видеа на „Јутјуб“.

Тренирањето било направено на тој начин што роботите гледале видеа од луѓе кои ги извршуваат саканите задачи или гледале луѓе кои во живо ги правеле задачите. Последователно, роботите ги вежбале задачите. Поедноставните задачи се вежбале околу 25 минути.

Овде е клучен методот на пристапност, во кој роботите, гледајќи ја снимката, ги идентификуваат клучните точки во просторот за извршување некоја задача (на пример, точката каде што треба да се прими рачка од фиоката), како и важни насоки на движење. Откако ќе погледнат неколку видеа, роботите можат да „научат“ како да ја извршат таа задача (на пример, да отворат која било друга фиока).


Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија