Американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ објави фотомонтажа на свој хотел на Гренланд, откако потврди дека неговата администрација е заинтересирана за купување на островот.
Фотомонтажата е објавена откако премиерките на Данска и на Гренланд, Мете Фредериксен и Ким Киелсен, изјавија дека полуавтономната данска територија не е на продажба.
- Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд - напиша американскиот претседател на фотомонтажата на која е прикажан златен облакодер на кој пишува „Трамп“ во населба од гренландски куќи.
По објавата на Трамп, Киелсен напиша: „Никој не смее да одлучува за нас, мораме да бидеме почитувани, а нашите интереси секогаш мора да бидат најважни“.
Трамп во неделата потврди дека САД се заинтересирани за купување на најголемиот остров во светот. Вашингтон и минатиот век се обидуваше да го купи Гренланд, но Данска одби.
Гренланд е независна територија, додека Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика.
Извор: МИА