X
 20.12.2022 Економија

Данска планира да откаже државен празник за да го зголеми буџетот за одбрана

Новата коалициска влада на Данска планира да откаже државен празник со цел да ги пренамени средствата за зајакнување на одбраната. Ова е една од првите мерки на кои се согласиле партиите што се дел од коалицијата.

Еден од приоритетите на новата влада е да се стигне целта на НАТО за трошоци за одбрана еднакви од 2 отсто од БДП. Според планот, Владата ќе ја реализира оваа цел три години порано од планираното.

Затоа, претседателката на Владата, Мете Фредериксен, најавила дека Владата ќе откаже еден од вкупно 11 државни празници за да ја зголеми продуктивноста и економската активност. Веројатно ќе биде откажан празникот на Големата молитва, кој се празнува во петокот пред четвртата недела по Велигден од 1686 година.

Мерката предизвикала коментари и критики од страна на црквата, но и од некои бизнисмени.

- Има војна во Европа и мора да ја зајакнеме нашата одбрана. А тоа значи секој да придонесе малку повеќе - изјавила Фредериксен.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија