X
 16.03.2020 Култура

Славој Жижек: Што ми се допаѓа кај коронавирусот?

- Ок, може, но болен сум (не со вирусот).

Така почнало интервјуто на новинарот Чарли Неш од „Спектатор“ со словенечкиот филозоф Славој Жижек, кое се одвивало преку телефон.

- Не е вирусот, но не знам како да објаснам. Ги имам сите симптоми на вирусот, но се надевам дека не е. Ги имам овие симптоми со години, постојано кивам итн. - рекол Жижек.

Во интервјуто со Неш, наместо дискутирање за неговата нова книга, тој попрво сакал да зборува за коронавирусот.

Според Жижек, Европа се приближува до совршената бура. Исто како во филмот каде што глуми Џорџ Клуни („Совршена бура“) во кој се соединуваат торнадо и бура.

- Сметам дека Европа се приближува кон совршената бура, а една од несреќите е коронавирусот. Навистина не разбирам, дури кога и тука се случува. Сите изјави започнуваат со препораки да не се паничи, а потоа сè што ви кажуваат се работи што нè тераат да паничиме. И сега, додајте и потенцијален нов бран на бегалци, добивате совршена бура која ја остава Европа ослабната и неспособна да дејствува на обединет начин. Поради тоа, сметам дека коронавирусот му дава нова шанса на комунизмот. Секако, не стариот вид комунизам, туку тоа што Светската здравствена организација го предлага. Треба да се мобилизираме, координираме итн., па Боже, ова е опасна ситуација. Велат дека во земјата нема маски, респиратори итн. Треба да го третираме ова како војна. Некаков вид европска координација... па дури и можеби мобилизација како во војна. Можно е да се изведе и можеби ќе ја зголеми продуктивноста.

- Велам дека е можно да се задржат добрите страни на капитализмот, но да се направи мобилизација на координиран начин. Не само со коронавирусот, туку и со други еколошки кризи, кризата со бегалците и слично. 


Фото: Енди Мија/Wikipedia

Кога се споменува другата страна на Атлантикот, Жижек вели дека двете политички партии се однесуваат непрепознатливо и дека претседателот Трамп е многу пасивен. Тој смета дека однесувањето на Трамп довело до многу катастрофални грешки, како што е повлекувањето од Сирија. 
- Сметам дека сето ова е координирано. Нова тензија ѝ се заканува на Европа со новиот бран на бегалци, што ќе доведе до целосно идеолошка, политичка катастрофа, иако ова звучи ужасно за левичар. Јас сум на страната на бегалците, меѓутоа, пред четири години требаше да има поорганизиран начин за соочување со ситуацијата. 

Според Жожек, Русија и Турција и нивните владетели, Путин и Ердоган, се дел од новиот тим кој може да ја уценува Европа преку нафтата и бегалците.

- Само сум шокиран од оваа пасивност на Европа. Ѝ плаќаме 6 милијарди евра на Турција за да им помогне на бегалците. Мислев дека ова е одвратен компромис, но во ред. Но потоа, во последните четири години релативен мир Европа требало да го искористи времето за да ја смени ситуацијата таму, а не да се мобилизира против нив.

- Постојат богати држави, Саудиска Арабија, Кувајт, Емиратите. Тие воопшто не примаат имигранти. Зошто Европа? Зошто не овие земји? Богати земји, ним би им било лесно да ги примат.

Автор: Чарли Неш
Извор: spectator.us
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура