X
 13.03.2015 Култура

Имате талент за пишување? Добијте шанса да водите хотел

Хотелот „Central Lovell inn“ се наоѓа на планините Мејн во САД. Џенис Сејџ е сопственичка на хотелот. Таа одлучила да оди во пензија на своите 68 години и сака да го остави хотелот на некој што навистина ќе го заслужи - пишувајќи есеј.


Имено, сопственичката објавила конкурс за пишување есеј на тема „Зошто би сакал да освојам и водам хотел во село“. Есејот не треба да има повеќе од 200 зборови, а учеството се плаќа 125 долари.

Зошто ваков потег? Џенис станала сопственик на хотелот во 1993 година на истиот начин.

„Хотелот го добив како награда. По 22 успешни години, време е да се повлечам. Би сакала сега желбата за поседување хотел да му се исполни на некој друг. Кандидатите треба да го испратат есејот на темата најдоцна до 21 март. Победникот ќе добие хотелот“, објаснува таа на официјалната веб страна.

Хотелот бил изграден во 1805 година, а се наоѓа на 80 километри од Портленд. Џенис очекува да добие околу 7.500 есеи кои ќе и' донесат заработувачка од 930.000 долари, нешто помалку од вредноста на хотелот на пазарот.

Комисијата ќе одбере 20 финалисти, а победникот ќе биде прогласен на 21 мај.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура