X
 20.08.2021 Живот

Французите плаќаат стотици евра за лажни ковид-сертификати на „Снепчет“

Луѓето што одбиваат да се вакцинираат против ковид-19 во Франција плаќаат стотици евра за лажни сертификати на црниот пазар. Во Франција мора да се покаже доказ за имунитет на ковид-19 за влез во кафулиња, возови и јавни места.

Според анкетите, повеќето од Французите ги поддржуваат мерките, но оние што се против нив одржуваат протести веќе 5 викенди. Истовремено, црниот пазар за лажни сертификати цвета на социјалната платформа „Снепчет“, и покрај ризикот од затворски казни.


Фото: Pixabay

Профили на „Снепчет“ отворено рекламираат лажни документи кои може да бидат испратени по електронска пошта за помалку од еден ден. Додека вакцинирањето против ковид-19 во Франција е бесплатно, лажните сертификати чинат помеѓу 140 и 350 евра.

Вакви лажни сертификати се нудат и на „Фејсбук“, пишува РФИ. Измамниците ги прават лажните сертификати со хакирање на профили на лекари во националната база на податоци.

Казната за лажирање сертификат е затвор до 5 години или глоба до 150.000 евра. Оние што купиле лажен сертификат може да добијат затворска казна до 3 години.

Извор: RFI
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот