X
 03.06.2022 Живот

Франција ги забранува англиските изрази како е-спортс, гејминг или стриминг

Француското министерство за култура, свесно поради тоа што англиските поими и термини го преплавија нивниот јазик, особено во доменот на видеоигрите и ИТ-индустријата, оваа недела ги објавија официјалните промени во поимите кои сега мора да ги користат сите државни службеници и институции. Забраната не е насочена на „обичните граѓани“ и медиумите, туку на официјалната употреба на интернет или на англискиот жаргон воопшто.

Така, на пример, оној што го нарекуваме „стример“ на англиско говорно подрачје и на многу други јазици (лице кое игра видеоигри и ги емитува во живо) на француски ќе се нарекува „joueur-animateur en direct“.

„Глауд-гејминг“ официјално ќе се нарекува „jeu video en nuage“ , додека е-спорт ќе мора да го користи француското име „jeu video de konkurrence“.

Декретот следува по изјавата на француската академија, која во февруари предупреди на голема деградација на францускиот јазик, што „не смее да се гледа како неизбежно“. Француските медиуми истакнуваат дека ова не е првпат Французите да се обидуваат да воведат домашен превод за различни компјутерски термини - минатиот пат Академијата советуваше наместо „le wifi“ да се каже „l'access sans fil à Internet“.

Комисијата за збогатување на францускиот јазик, исто така, предложи да се замени „кликбејт“ со „piège à clics“ и „поткаст“ со „audio à la demande“ (аудио на барање). Ништо од тоа не беше „прифатено“ од народот.

Извор: Bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот