X
 22.04.2023 Живот

Француски регион ќе им плаќа на жителите да постават резервоари за дождовница

Францускиот регион Ил-де Франс, во кој се наоѓа и Париз, ги покани домаќинствата што имаат градини да постават колектори на дождовница на нивниот имот. Владата ќе им додели до 20.000 евра на оние што ќе постават вакви колектори.

Со оваа мерка властите сакаат да ги потсетат жителите дека личните водни резервоари може да бидат добри за нивните паричници и околината бидејќи водата станува скапоцен ресурс.

Паричниот надомест ќе биде доделен за каков било вид воден резервоар. Тој треба да ги покрие трошоците за купување и поставување на резервоарите.

Владата ќе покрие најмногу 50 отсто од трошоците за поставување на резервоарот, а максималната сума која може да биде доделена изнесува 20.000 евра.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот